Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Граѓаните во населбата Бедиње, утре од 12 до 13 часот, ќе го блокираат улицата 11 Ноември, кај бензинската пумпа „Алија Комерц“ на почетокот регионалниот пат Куманово- Липково, револтирани од несовесното однесување на дел од возачите, кои не ги почитуваат собраќајните правила во населено место и ги загрозуваат нивните животи.
Тие тврдат дека откако се изградил новиот коловоз на патот кон липковските села, на нивната улица секојднево има сообраќајни несреќи, поради тоа што нема тротоар, а се вози со големи брзини.
Во последениот случај автомобил влетал во двор на една од куќите и за малку ќе го прегазел сопственикот.
Жителите бараат од локалната власт да изгради тротоар, и да се зголеми сообраќајната контрола на патот и да се спречи дивеењето на поедници.
Организторите ги повикуваат сите граѓани од Бедиње да излезат на протестот и да дадат поддршка на нивните барања.
(С.Н.)