×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жителите на „Ливаде„ бараат асфалтирана улица

    27.09.2012 12:55 | KumanovoNews

     Педесетина жители од местото викано Ливаде во населбата Карпош денеска протестираа и  побараа од локалната власт да го асфалтира крајот на улицата “100“ од т.н. Салон до патот кон споменикот Зебарник.

    Жителите на „Ливаде„ бараат асфалтирана улица

    Тие тврдат дека поради состојбата во која се наоѓа стариот пат кон Крива Паланка, тие се отсечени од градот и се душат во прашина кои ја создаваат камионите на блискиот каменолом.  Најавуваат дека нема да се откажат од протестот се додека не им се реши проблемот.

    Денеска е Крстовден и се надеваме дека ќе помогне да се раскрстат нерешените проблеми во место викано Ливаде, населба Карпош. Ние подолго време поднесувавме барање до локалната самоуправа за изградба на овој локален пат во должина од 1700 метри. Сите не убедуваа дека патот ќе биде изработен, но патот е во многу лоша состојба и мораме на ваков непопуларен начин да се побуниме - велат жителите.

    Тие тврдат дека заради лошиот пат автобусот ги остава децата да одат и по 2 км пешки за да стигнат дома. Дополнителен проблем е што покрај големите дупки по патот се создава и голема прашина од камионите кои одат кон каменолом во Зебарњак. Месното население го повикува градоначалникот да го исполни ветувањето кое го дал пред осум години.

    Градоначалникот Зоран Дамјановски го разбира револтот на граѓаните бидејќи улицата е целосно ископана и не е за сообраќај, но тврди дека вината не е кај нив туку во Министерството за транспорт и врски.

    Уште пред година ипол општината направи проект и го достави до Европска банка. Имаме две програми, едната со Европска, другата со Светска банка. Сите четири локални правци финансирани од Светска банка, менаџирани од Министерство за транспорт и врски се приоритет.Патот за село Пчиња и Клечовце е завршен, а четири правци не се почнати повеќе од година дена. Целиот овој процес е резултат на политичко тактизирање, бидејќи не гледам причина да не се отпочне со имплементација на овој проект. Проектот е целосно поддржан од Европска банка, нема никакви забелешки, мислам дека тендерската постапка тие ја водат - објаснува Дамјановски.

    Градоначалникот додава дека е предвидено да се реконструира пат во должина од 3.200 метри. Откако институциите ќе слушнат за револтот на граѓаните, Дамјановски се надева дека целата постапка ќе се забрза.