Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жителите на село Режановце на изведувачот “Вибе“ кој ја гради пругата кон Бугарија, му даваат рок до среда да одговори дали ќе го поправи патот оштетен од движењето на камиони.
Доколку одговорот биде негативен, мештаните најавуваат тужба за компанијата.
Тие ја префрлаат вината на подизведувачот, но нас не не интересира подизведувач, туку не интересира изведувачот. Направија штета на патот и сакаме да го санираат. Последниве денови поминуваат камиони во помал број, но сепак поминуваат. Ако не сакаат да го поправат патот нема да дозволиме да поминуваат камиони веќе низ селото и крајно дупките сами ќе ги “закрпиме“, но ќе им поднесеме тужба - рече Зоран Крстевски, претседател на месна заедница Режановце.
Жителите на Режановце се надеваат дека проблемот ќе се реши во договор со „Вибе“ и Македонски железници.