×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЗНАМ И ВРЕДИ склучиле формален договор за партиски вработувања, велат од Левица

    27.08.2024 18:14 | KumanovoNews

    Деновиве е обелоденет скандалозен документ дека Максим Димитриевски, како градоначалник на Куманово, склучил Меморандум за соработка со Алијанса за Албанците и Алтернатива. 

    ЗНАМ И ВРЕДИ склучиле формален договор за партиски вработувања, велат од Левица

    Членови на овие партии, со по еден советник, добиваат 30% учество во општинските установи и јавни претпријатија, нивните управни и надзорни одбори - што само го потврдува етнополитизирањето на институциите и ги надминува пропорциите предвидени со погубниот Охридски рамковен договор. Додека формално се залагаат за укинување на балансерот, ВРЕДИ и ЗНАМ тераат договори со партиски вработувања по квота, со што де факто признаваат местење на конкурси на директори, кои по закон се избираат со јавен оглас“, велат од Левица.

    Оттаму додаваат, додека во јавноста постојано гледаме како партиите кои формираа Влада глумат опозиција сами на себе, под закрила на националната пизма, а зад затворени врати сложно го делат државниот колач. 

    „Јасна е соработката помеѓу проектот ЗНАМ со Алијанса за Албанците и Алтернатива, кои многукратно во овој краток период, го погазија македонското знаме и јазик, ги злоупотребија функциите за претставување моќ и ги преименуваат улиците од имиња на македонски партизани во имиња на балисти.  Ухлебувањето по етнопартиски клуч во општинските установи не било доволно, па така, Димитриевски се обврзал на тоа да додели минимум 27% од инвестициите по желба на партиите кои освоиле вкупно два, односно по еден советник. Ова е само ситница од заткулисните игри позади затворени врати. Додека во јавноста гледаме како ЗНАМ се оградува од шовинистичките политики на „ВРЕДИ“, комплетно очевидна е совршената соработка зад затворени врати“, стои во соопштението на Левица.

    Левица ги повика пратениците на ЗНАМ да гласаат за интерпелација за спикерот Африм Гаши, бидејќи во спротивно, ќе станат алатка која го поддржува дивеењето и варваризмот на Гаши.

    (фото: Левица)