Звездаши скршиле возило на партизановци
25.12.2013 14:58
| KumanovoNews
Двајца кумановци, навивачи на навивачката група „Делије Север“ на ФК „Црвена Звезда“ нападнале навивачи од Куманово на навивачката група од КК „Партизан“.

Инцидентот се случил минатиот месец кога звездашите Д.А.(22) и А.Д.(19), додека се движеле со возило по „Трета Македонска Ударна Бригада“, му го попречиле патот на патничко возило во кое биле шест партизановци. Тие излегле од возилото и почнале да го кршат возилото на противниците. Д.А.(22) и А.Д.(19) ќе одговараат за сторено кривично дело насилство.