Бошковска: Овој викенд граѓаните ќе купуваат домашни производи и ИТ опрема без ДДВ
Во период на сериозна глобална здравствена и
економска криза, државата застанува зад секој поединец, зад секој
приватен субјект кој е погоден од негативите последици и затоа овозможи
350.000 граѓани, корисници на апликацијата „Мој ДДВ“, за време на
продолжениот викенд на 10-11-12 октомври можат да купуваат домашни
производи и услуги или компјутери и друга ИТ опрема во вредност од
најмногу 30.000 денари и во рок од неколку дена ќе го добијат назад на
своите сметки целиот ДДВ, рече портпаролкана на општинската организација
на СДСМ, Катерина Пешиќ Бошковска на денешната прес-конференција.