Повозрасно лице од Куманово пријавено за исчезнато С.М.(68) од Куманово вчера се оддалечил од неговиот дом и не се вратил.
„Лето во кое те нема“ на Петар Андоновски во трка за роман на годината Романот „Лето во кое те нема“ на Петар Андоновски остана во потесниот круг кој ќе конкурира за големата награда за 2020 година, која ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.
Ограбена обложувалница во Куманово Синоќа во 20.50 часот во Куманово на бул.„Трета МУБ“ две лица извршиле разбојништво во спортска обложувалница.
Педесет и втора седница на Советот на Општина Куманово Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница.
Во Куманово ноќеска измерени минус 12 степени Минус 12 степени Целзиусови се измерени ноќеска во Куманово, соопштува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Се чистат тротоарите и пристапните патеки до институциите од снег Службите на на ЈП “Чистота и зеленило“ и денеска продолжија со чистење на снег од тротоарите и влезовите во институциите кои се наоѓаат во поширокото градско подрачје на Куманово.
Продолжува чистењето на снегот од улиците и селските патишта Екипите задолжени за зимско одржување на улиците и патиштата во општина Куманово и денеска продолжија со чистење на снегот од сообраќајниците.
Пожар во стан на улица „Благоја Илиев Гуне“ Се запалил стан во зграда на улицата „Благоја Илиев Гуне“ во Куманово. Пожарот бил пријавен вчера во 10.45 часот, по што екипи на противпожарната единица излегле на терен.
Општината ги повика дуќанџиите да го исчистат снегот пред објектите Општина Куманово ги повикува сопствениците на фирми да ги исчистат пристапот до нивните објекти, бидејќи тоа е нивна законска обврска.
Непроодни патишта и отсечени села во Которско, Козјачија и Карадак По обилните врнежи на снег проследени со ветер и наноси, повеќе патни правци во регионот се непроодни. Станува збор за села во Кумановско, Липковско и Старо Нагоричане, соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Куманово.
Во Куманово 8 см снег, минималната температура минус 8 Во Куманово ноќеска измерена e минимална температура од - 8 степени Целзиусови, а има 8 сантиметри снег.
Двајца починати и шестмина новозаболени од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа се регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19 од направени 1.814 тестирања, соопшти Министерството за здравство.
Затворен угостителски објект во Куманово, работел по дозволеното време Во СВР Куманово вчера било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово не се почитувале здравствените прописи за време на епидемија.
Не се точни обвинувањата дека снегот не изненади, улиците се чистат по приоритети, реагираат од Општина Куманово на пресот на ВМРО-ДПМНЕ Општина Куманово во рамките на своите надлежности во делот на зимско одржување и службите на јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ и фирма, која што има добиено уредно на тендер, редовно и ревносно ги извршуваат своите задачи. Обвинувањата на денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ се неиздржани и лажни, - реагираат од Општина Куманово, по денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ, на која беше кажано дека и оваа година снегот ја изненади локалната власт, поради што целиот град е лизгалиште.
И оваа година снегот ја изненади локалната власт, кажа Божиновски И оваа година снегот ги изненади во февруари. Колку и да е излитена оваа фраза, секогаш е вистината кога е во прашање работењето на СДС и Максим Димитриевски. Куманово вчера и денеска личи на едно големо лизгалиште, - обвинија од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Сообраќајот се одвива во зимски услови - улиците и патиштата делумно проодни Екипи на фирмата задолжена за зимско одржување на улиците и патиштата се на терен и работа на расчистување на снегот, информираа надлежните од Општина Куманово.