Две лица ја напуштиле самоизолацијата, полицијата ќе им поднесе пријава Две лица од реонот кој го покрива СВР Куманово, наместо да седат во изолација од коронавирусот, ги напуштиле домовите и полицијата не ги нашла при извршената контрола.
Димитров: Иако апелирав да не се патува, од земјата за еден ден заминале 1331 граѓани Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, синоќа повторно се огласи со апел до македонските граѓани да не патуваат надвор од границите.
Во Белановце фатени кумановци кои нелегално ја минале границата со Косово Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце, вчера во 13.10 часот, при обиколка на терен од граничниот премин кон с.Белановце, ги привеле А.А.(29) и М.А.(21), двајцата од Куманово, поради тоа што илегално ја преминале државната граница од Косово кон Македонија.
Матичните лекари од Куманово бараат пациентите без итна потреба да не одат во нивните ординации Со оглед на актуелната состојба со панедемијата со вирусот Ковид -19, лекарите од приватните здравствени установи од Куманово, бараат од нивните пациенти без голема итност да не одат во ординациите, а доколку тоа е неопходно да ги почитуваат препораките со цел да го заштитат сопственото здравје, здравјето на нивните најблиски, како и на сите граѓани во државата.
Пет нови случаи на коронавирус, вкупно 31 Попладнево на коронавирус беа тестирани 10 пациенти, од нив 5 се позитивни на вирусот.
Патниците коишто денеска ќе пристигнат од ризичните земји ќе одат во карантин во касарна Двесте патници коишто денес ќе бидат земени од граничниот премин помеѓу Бугарија и Унгарија, и од граничниот премин Деве Баир ќе влезат во земјата, ќе бидат сместени во групен карантин во касарна на Криволак, бидејќи доаѓаат од високоризични земји.
Шпанија го ратификуваше Протоколот, Македонија 30. земја членка на НАТО Шпанскиот Сенат го ратификуваше Протоколот за членство на Мaкедонија во НАТО. Сите 29 земји членки на НАТО формално ја прифатија Република Северна Македонија за 30-та земја членка.
Кумановската полиција контролира 6 лица во домашна изолација СВР Куманово обезбедува шест лица, поради тоа што биле во контакт или во близина со луѓе болни од корона, кажа на прес-конференција пред МВР министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
Уште три лица заразени со коронавирусот, вкупно 26 Вкупната бројка на заболени со коронавирус е 26 пациенти, откако има уште тројца заразени.
Не патувајте, не се знае кога ќе може да се вратите дома, рече министерот Димитров Немојте да патувате. Македонски граѓанин што утре ќе реши да оди некаде, сосема е неизвесно кога ќе може да се врати. Крајно е непредивдлива ситуацијата, државите носат свои одлуки, затвораат граници за странски државјани, затвораат аеродроми, рече министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Без вода неколку улици и една населба Поради интервенции на водоводната мрежа, привремено без вода ќе останат три улици и една приградска населба.
Кумановските угостители ги почитуваат мерките на Владата Полициски службеници од СВР Куманово во соработка со Државниот пазарен инспекторат, вчера попладне спроведоа акциски контроли за почитување на одлуката на Владата која се однесува на работењето на угостителските објекти, казината и обложувалниците.
Сe затвораат граничните премини и аеродромот во Скопје Македонија ги затвора сите гранични премини од вечерва и аеродромот Скопје од среда попладне, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Пет нови пациенти позитивни на коронавирус Четири лица од Дебар и жена од Скопје, која се вратила од Холандија преку Виена се нови пациенти позитивни на коронавирус, објави министерот за здравство Венко Филипче.
Театар Куманово со бесплатни детски претстави на интернет Театар Куманово, од денеска, па во наредните пет дена, дел од своите детски престави ќе ги постави бесплатно на својот јутуб канал, со цел да им го пополни времето на децата кои не се на училиште, додека траат мерките на Владата за заштита од коронавирус.
„Еуро Колеџ“ започна со онлајн настава Приватната високообразовна институција „Еуро Колеџ“ - Куманово, од денеска наставата ја изведува онлајн.