Трибина за мајчиниот јазик организира ВМРО-ДПМНЕ Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ вечерва во 18 часот ќе се одржи трибина на тема “Суштината и значењето на мајчиниот јазик“.
Нема работа за првиот магистер Ром во Куманово Бајрам Бајрамовски (33) е првиот магистер од ромска националност во Куманово, кој нема постојано вработување.
Продолжува „Предложете сообраќајна контрола на веб страницата на МВР“ Продолжува проектот “Предложете сообраќајна контрола на веб страницата на МВР“ кој извесно време поради технички проблеми не функционираше.
Нови вработувања во Здравствениот дом Куманово Во Здравствениот дом Куманово постојано вработување ќе добијат 18 лица, од кои девет се волонтери кои веќе се ангажирани во установата.
Странски волонтери држат курсеви за јазици во ЦИД Странски волонтери држат курсеви по француски, германски и шпански јазик еднаш неделно во просториите на Центарот за Меѓукултурен дијалог.
Учениците во акција против говор на омраза Ученици од основното училиште „11 Октомври„ денеска пишуваа пораки против говор на омраза на повеќе јазици.
Во недела влажен бран од Медитеранот Влажен бран од Медитеранот во недела ќе ја зафати Македонија и ќе донесе локални поинтензивни врнежи од дожд и засилен југоисточен ветер.
Во Жегљане ќе се одбележи 71 година од формирањето на “Трета МУБ“ Општинската организација на Сојуз на борци Куманово на 26 февруари во основното училиште во село Жегљане, ќе го одбележи денот на формирањето на “Трета македонска ударна бригада“.
Кумановските средношколци на Струмичкиот карневал Кумановските средношколци од стручните училишта со групна маска и гимназијалците со посебна маска, утре ќе се претстават на Струмичкиот карневал.
Невработените да аплицираат со бизнис проекти Невработените, кои се водат како активни баратели на работа, до 10 март можат да аплицираат за добивање на 3000 евра неповратна помош за отпочнување на бизнис во Агенцијата за вработување .
1.4 милиони денари за одржување на светлосната сигнализација Општина Куманово одвои 1.4 милиони денари за одржување на семафорите на крстосниците во градот.
Фалат анестезиолози во Кумановската болница Во Општата болница Куманово, на одделението за анестезија, реанимација и интензивно лекување во моментот работат 7 специјалисти анестезиолози, но за три месеци една од докторките ќе замине во пензија.
Филип Јаневиќ портпарол на ЛДП Филип Јаневиќ, правник од Куманово, е избран за портпарол на Либерално Демократската Партија.
Се запали оџак на “Живко Чало“ Оџак се запалил во семејна куќа на улицата “Живко Чало“. Пожарот избувнал завчера околу 22.30 часот.
15 години затвор за убиство и 10 за помагање Бурим А. (30) од Арачиново е осуден на 15 години затвор, затоа што пред две години го убил Ендрит Љатифи од кумановското село Опае, а неговиот брат Салим А. (26), и Шенаси М. (30), исто така, од Арачиново добија по 10 години затвор за помагање при извршување на кривичното дело.
“Ленче кумановче“ за Прочка во Кумановскиот театар Во театар Куманово, утревечер во 19 часот, пензионерите ќе ја изведат претставата “Ленче кумановче„.