Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Речиси сите родители во денешно време го имаат истиот проблем, а тоа е проблемот со зависноста на децата од игрите.
Психолозите советуваат да се внимава на детето кое поминува долго време пред екраните играјќи игри, затоа што истото може да влијае негативно на неговиот целокупен развој.
Најчесто зависноста од игрите се стекнува во периодот од седмата до шеснаесетата година.
Докторите велат дека предолгото време поминато во играње на игри, не само што се одразува на социјалниот живот на детето, туку дека тоа може да предизвика и проблеми со неговиот говор, однесување, појава на аутистични пореметувања, а може да влијае и на развојот на мозокот.
Студиите покажуваат дека децат кои играат игри со насилна содржина, во поголем процент можат да станат понасилни. Иако, не станува збор за конкретна агресија, сепак кај детето се појауваат промени во однесувањето, зборувањето и акцијата, кои се нездрави за околината во која живее.
Докторите советуваат децата да не се запознаваат со вакви уреди пред три години, па дури и после тој период мора да постои ограничување на еден час дневно. Па така се предлага правилото 3-6-9-12, кое претставува образец за употреба на паметни уреди:
1. Да не се користат паметни уреди до 3 години;
2. Да не се користи интернет до 6 години;
3. Да не се играат игри до 9 години;
4. Да не се користат друштвени мрежи до 12 години.
Играњето на игрите, воено децата ги прави попасивни, со што тие поминуваат поголем дел од времето седејќи, наместо да излезат надвор и да бидат активни, а со тоа и да придонесат за нивното здравје.
Поминатото време на децата пред екраните, може да предизвика и визуелно пореметување, врсничко насилство итн., па затоа докторите апелираат родителите да внимаваат колку време поминува нивното дете играјќи игри.