Американка Мис на светот
30.10.2010 17:03
| KumanovoNews
За нова Мис на светот денеска во Кина е изберена 18 годишната Американка Александриа Милс.

Прва придружничка ја Ема Бареус од Боцвана, втора Адриана Васини од Венецуела, одлучило жирито на изборот одржан во летувалиштето Сања на југот на Кина.
На изборот учествувале претставнички од повеќе од 100 земји, соопштиле организаторите на натпреварувањето што оваа година се одржува по 60 пат.