Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Научнофантастичниот филм „Аватар“ на Џејмс Камерон го сруши рекордот на „Титаник“ и стана филм со најголемата заработувачка во светот, јавија агенциите.
Од понеделникот овој филм има заработено 1,859 милијарди долари додека „Титаник“ од 1997 година заработал 1,843 милијарди долари
Меѓутоа „Титаник“ сеуште останува рекордер во Северна Америка со 600,8 милиони долари. Исто така Камерон како режисер останува прв на листата филмови со најголема заработувачка, бидејки тој е режисер и на Титаник.
„Аватар“ на тој пазар е шест недели по ред на првото место со заработувачка од 554,9 милиони долари.
Камерон уште сега најави снимање на второ продолжение на Аватар.