Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бред Пит и Анџелина Џоли по пет години дефинитиво ја прекинаа својата врска. Како што наведува британскиот магазин „News of the World” тие веќе ги потпишале и документите кои предвидуваат рамноправна поделба на заедничкиот имот кој се проценува на 330 милиони долари и заедничко старателство на децата.
Според пишувањата на светските медиуми подготовките за раскинувањето започнале уште во декември минатата година, кога Бред и Анџелина ангажирале адвокати кои ќе состават договор за поделба на имот и старателство над децата. Магазинот „News of the World” вчера објави дека и двајца потпишале документ кој личи на предбрачен договор и предвидува рамноправна поделба на имот и заедничко старателство над нивните шест деца, кои ќе живеат со Анџелина.
Дека работите не стојат добро помеѓу нив беше јасно уште од пред неколку месеци кога престанаа да се појавуваат заедно во јавноста, а во петок навечер Бред во Лос Анѓелес учествувал на големата акција за собирање помош за Хаити и тоа заедно со својата бивша сопруга Џеифер Анистон, додека Анџелина се наоѓала на другиот дел на Америка во Њујорк, каде го промовирала својот нов филм.
Американските таблоиди наведуваат дека Пит пробал да се помири со Анџелина која има многу проблеми со депресијата и тежината, но сепак вечерта во Њујорк завршила со жестока расправија и тогаш одлучиле да стават крај на својата врска. Тие ќе направат се што е потребно за нивните деца да не патат поради раскинувањето.
Занимливо е тоа што Анџелина неодамна изјави за еден германски таблоид дека е многу глупаво да го напуштиш партнерот, а после тоа да зборуваш лошо за него.