Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Не постои човек кој не би сакал да има прилика да доживее длабока старост, да го посведочи светот од нова перспектива и да се радува на успесите на сите оние кои доаѓаат по него. Добрата вест е тоа што освен генетските фактори, постојат неколку патокази кои ќе ве одведат до долговечноста и сите се комплетно во ваша контрола!
Според истражувањето спроведено од Џон-Хопкинс, за да го продолжите вашиот животен век, обрнете внимание на тоа да:
1. Кажете „не“ на цигарите
Освен тоа што се финансиски исцрпни, цигарите се број 1 хазард по вашето здравје и вртоглаво брзо можат да го намалат вашиот животен век, како и целокупниот квалитет на вашето живеење. Познато е дека токсичниот состав
на цигарите предизвикува најразлични типови на карцином, па не мора да се изложувате на таков ризик и свесно да си кратите квалитетни години од вашиот живот.
2. Станете и движете се
Колку повеќе физичка активност инкорпорирате во дневните рутини, толку полесно ќе отчекорите кон вашите 90-ти. Активирајте ги мускулите, излезете на свеж воздух, не се плашете од исцрпување, бидејќи вашето тело е создадено за да се движи.
3. Хранете се здраво
Иако ова звучи како клише, не постои подобар начин да воспоставите контрола врз своето здравје отколку внимателното мониторирање на се` што конзумирате. Доброто генерално здравје започнува со здрав дигестивен тракт, така што обидете се да се храните со органски производи и да вметнувате што повеќе овошје и зеленчук во дневните оброци.
4. Оддржувајте здрава тежина
Здравјето е многу повеќе од број на вагата, но вишокот килограми може сериозно да го скрати вашиот животен век и да ве изложи на најразлични ризици од физички повреди до сериозни здравствени компликации. Следете го
вашето БМИ (можете да го направите тоа он-лајн) и обидете се да оддржувате тежина со која сте во вашиот физички оптимум, односно непречено можете да се движите и лесно да ги извршувате секојдневните обврски.
2008 - 2023 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk