×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дали пиете доволно вода во текот на денот?

    26.03.2020 11:38 | KumanovoNews

     Коските содржат 22% вода, мускулите 75%, крвта е 83% вода, а дури 75% од мозокот е исто така вода. Доколку ги знаете овие работи, многу полесно ќе се одлучите за  внесување на доволно количество на вода во вашиот организам.

    Дали пиете доволно вода во текот на денот?

    Речиси насекаде слушате или читате, дека секојдневното внесување на водата во вашиот организам може да влијае позитивно на вашето здравје. Меѓутоа, дали знаете колку вода треба да пиете и како правилно да ја пиете?

    Докторите велат дека доколку имаме 25 килограми тогаш во нашиот организам треба да внесуваме 1 литар вода, што значи дека ако имаме околу 50 килограми тогаш во текот на денот би требале да испиеме два килограми вода. Меѓутоа, не сметајќи ги тука газираните или негазираните пијалоци како и кафето.  Конзумирањето и на една шолја на кафе, го дехидрира организмот за две чаши вода, па затоа е неопходно потоа да ја внесеме потребната количина на вода.

    Иако сето ова, за некој кој има повеќе килограми ќе звучи "невозможно", сепак доколку се распореди правилно пиењето на вода во текот на денот тогаш и нема да биде толку "многу". Во текот на ноќта ние губиме околу 500 мл. вода, па затоа наутро е препорачливо да се испие една или две чаши вода и да се измие лицето затоа што нашите клетки се "дехидрирани, нечисти, уморни и гладни". Бидејќи денес речиси сите имаме пристап до мобилни телефони, тогаш би можеле да инсталираме апликација која "ќе не' потсетува" на секои 20 минути да испиеме неколку голтки вода или пак на еден час по една чаша вода. Затоа што пиењето вода наеднаш може да ги оптерети вашите бубрези.

    Исто така доста ефикасен експеримент е да наполните шише со вода, кое ќе го оставите до вашето биро и во вашиот дом и наредниот ден да погледнете колку вода сте испиле. На тој начин ќе знаете колку треба да ја зголемите количината на водата или колку малку вода конзумирате.

    Меѓутоа, доколку во нашиот организам немате доволно внесена вода, тогаш тој залихата ја црпи од дебелото црево. Советникот за здрава исхрана, Никодиновска, вели дека тоа е исто како да сме наполниле чаша вода од канализација и да сме ја испиле. Затоа сами одлучете колку вода ќе конзумирате во текот на денот.