Денеска ќе се знаат номинации за Оскар
02.02.2010 15:08
| KumanovoNews
Во Лос Анџелес денеска ќе бидат соопштени номинации за 82 Оскар, а ќе се доделат во 24 категории.

Оваа година листата на номинирани за најдобар филм е проширена од пет на десет кандидати. Номинациите ќе бидат соопштени во 13.30 по централноевропско време. Свечената додела на Оскар е закажана за седми март.