Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дневен хороскоп
Овен
Се обидувате на некој колега на работата да му објасните како стојат работите по некое за вас познато прашање, но тој нема да ве слуша. Не трудете се попусто. На љубовен план, вашата сакана личност денес ќе чувствува некој притисок, па затоа не отпочнувајте сериозни теми.
Бик
Не бидете субјективни кога е работата во прашање. Денес и да добиете некоја критика на работата, вие ќе се налугите и ќе ја гледате само вашата страна. Обидете се да ја погледнете и другата страна. На љубовен план, вашиот партнер постојано на некој начин ќе ви предизвикува нервози, но тоа е затоа што вие сте премногу уморни.
Близнаци
Денови кога веќе ви е преку глава од работата и едвај чекате се' да заврши и да си ја одморите и главата и душата. Во ваков период не се препорачува постојано да го поминувате времето со вашиот партнер, затоа што постојано вината за се' ќе ја наоѓате кај него. Обидете се да излегувате и со пријателите за да си ја изладите главата.
Рак
Иако денес нема да бидете особено расположени, сепак ќе успеете сосема професионално да си ја завршите својата работа. Исто така, во текот на овој ден ќе бидете во постојан контакт со повеќе луѓе, голема е веројатноста дека некоја од нив ќе ви го привлече вниманието.
Лав
Ситни, но навистина некако пренервозни работи ќе ве пратат во текот на овој ден. Обидете се да не ги сфаќате работите толку трагично. Исто така на љубовен план, денес ве очекуваат мали нервози, затоа што вашиот партнер ќе покажува одредена доза на љубомора.
Девица
Во пречи што некои луѓе постојано си ги земаат заслугите за се' што вие ќе сработите. Ако е така, зарем не е време да кажете што мислите? Во ниту еден случај не влегувајте во конфликти. Едноставно, кажете ја вистината и тргнете се на страна. На љубовен план, обидете се да не му ја пренесете нервозата на вашиот партнер, затоа што и нему му се случуваат неубави работи.
Вага
Иако денес ќе мислите дека ќе завршите порано и дека обврските ќе ги тргнете од главата. Тоа нема да биде така. Освен вашите обврски, денес како да ќе ви се насоберат обврските и на другите. На љубовен план ќе бидете незадоволни затоа што партнерот веќе подолго време ви ветува нешто кое не го исполнува.
Шкорпија
На работата денес ќе ве очекува понапорен ден од претходните. Посебно и затоа што на главата ќе ви бидат претпоставените, па постојано ќе чувствувате притисок. На љубовното поле ве очекуваат прилично мирни односи, но со добра позадина која се провлекува за да се започне со расправа. Воздржете се, барем денес.
Јарец
На работата голема е веројатноста дека денес посериозните работи ќе ви бидат оставени на вас. Вие бидејќи некогаш знаете да бидете прилично арогантни, ќе мислите дека можете се' да завршите сами. Не правете го тоа, затоа што ќе се покаете. Побарајте помош. На љубовен план денес нема да имате особена потреба да излегувате со партнерката, повеќе ќе сакате денот да го поминете дома.
Стрелец
Голема е веројатноста дека денес може да чувствувате притисок од вашите претпоставени, па дури и да се однесувате сосема нетолерантни кон вашите колеги. Обидете се да не го правите тоа, затоа што луѓето денес поретко имаат разбирање. На љубовен план, нема да има некои посебни промени.
Водолија
Една личност ќе ви чепка низ нервите во текот на денот. Обидете се да ја избегнете, затоа што тоа ќе биде најбезболниот начин и за неа и за вас, за да не влегувате во конфликт. На љубовен план, ќе се чувствувате прилично незадоволни од партнерот затоа што нема да ви посветува доволно внимание. Поразговарате со него, но исклучиво на само.
Риби
Некоја услуга која што ќе ви ја направи некој, денес постојано ќе ви ја потенцира. Смачено ви е од такви луѓе, меѓутоа премолчете затоа што некогаш од истата личност сте добиле помош. На љубовниот план ќе се чувствувате несигурно, односно ќе сакате вашиот партнер со зборови да ви објасни се' што ви предизвикува недоумици. Побарајте ги тоа, ако мислите дека ќе ви донесе смирување.