×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (02.12.2019)

    02.12.2019 08:32 | KumanovoNews

    Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (02.12.2019)

    Овен

    Вие сте човек кој може да заработи и на тоа што знае да сочува скриени карти во ракавот. Истото не е лошо се' додека не ги премине границите и не ги загрози останатите околу вас. На љубовен план, понекогаш делувате невозможни за да ве истрпи вашиот партнер, меѓутоа неговата трпеливост денес ќе биде клучот за да не дојде до расправија. Вреднувајте го тоа!

    Бик

    Вашата способност да се адаптирате на повеќе работи во исто време ве први погодни за работата. Затоа не се демотивирајте доколку некој покрај вас напредува, туку обидете се да учите и од неговото искуство, а истото да го адаптирате за вашите потреби. На љубовен план, денес ќе се чувствувате задоволни од она што го имате во моментот, односно ќе бидете пречувствителни кога станува збор за вашето семејство и ќе се присетувате на тоа колку сте среќни што во моментот го имате тоа што го имате покрај вас.

    Близнаци

    Повторно поставувате повисоки цели, па во моментот сте во недоумици што е вашиот приоритет. Обидете се да искалкулирате помеѓу она што го работите во моментот и она што навистина го сакате. На љубовен план, денес ќе реагирате премногу бурно за што и да станува збор, меѓутоа она што вам во моментот ви е потребно е внимание од саканата личност. Доколку не го добиете истото, побарајте го за да не дојде до непотребни недоразбирања.

    Рак

    Постојат одредени ризици кои треба да ги преземете на работата за да дојдете до она што го сакате. Меѓутоа, внимавајте на вашето опкружување. На љубовен план, денес вашиот партнер ќе ви изгледа сосема мистично и на никој начин нема да можете да допрете до него. Можеби треба да го оставите самиот да ви каже за што станува збор. Доволно е само да му напоменеме дека сте тука за него.

    Лав

    Имате многу интересирања, но на ниту еден начин не можете да се одлучите што е она што навистина го сакате. Обидете се веќе еднаш да не бидете премногу горделиви, туку да седнете и да размислите за што навистина сакате да се борите. На љубовен план, денес ќе бидете премногу хиперактивни, обидете се истото да го искалкулирате затоа што денес ниту еден друг хороскопски знак нема да биде со истата енергија.

    Девица

    Вие сакате да ја смените ситуацијата во којашто се наоѓате на работата, но за да го сторите истото прво осигурајте се дали навистина истото вреди. Затоа што понекогаш и вие треба да знаете да си ја сочувате вашата енергија. На љубовен план, не одете само со глава во ѕид, понекогаш е потребно работите прво да се проанализираат, па дури тогаш да се делува.

    Вага

    Денес ќе можете да ја согледате пошироката слика на работата, односно ќе сфатите дека за да знаете како функционираат работите дека е неопходно и да влезете внатре во кругот. Внимавајте, од таму може да излезете целосно разочарани. Кога станува збор за љубовниот живот, обидете се да не дозволите вашите сакани да се оддалечуваат од вас. Присетете се на некои заеднички работи и потсетете ги и нив на истите работи.

    Шкорпија

    Навистина сакате да ви се случи промена, па дури денес на работата иако нема да имате никакви услови сепак ќе сакате да го покажете она кое што го умеете. Монотонијата полека но сигурно ве убива. Кога станува збор за љубовта, денес нема да почувствувате некои особени емотивни промени. Искористете го денот за да се одморите.

    Стрелец

    Денес на работата ќе превагне вашата потреба да се покажете пред другите. Едните истото ќе го сфатат како горделивост, но за другите тоа ќе значи дека ве гледаат во друго светло. Не откажувајте се од она во што силно верувате, на крајот на денот тоа ќе направи смисла. На љубовен план, доминацијата не е секогаш добра работа, обидете се да ги дозирате вашите чувства.

    Јарец

    Не брзајте кога донесувате одлуки поврзани со работата, ако е потребно побарајте и совет од некој кој е поискусен во истата работа. На љубовен план, ќе чувствувате дека нешто ви недостига. Затоа не чекајте тоа "нешто" апстрактно само по себе да се реши. Разговарајте со личноста која е поврзана или била причинител за таквото чувство.

    Водолија

    Денес ѕвездите ќе ви бидат особено наклонети, затоа искористете ја оваа можност и покажете денес се' што знаете во областа која ја сакате. На љубовен план, дозволете си го на вас и на вашиот партнер она што навистина ви се допаѓа. Без разлика дали станува збор за убава вечера или само мирен разговор во топла прегратка.

    Риби

    Денес на работата ако се најдете во ситуација во која ќе треба да одлучувате, тогаш приклонeсете се кон проверената страна. На љубовен план, денес особено ќе биде нагласена вашата доминација, внимавајте, не секогаш партнерите сакат некој друг да одлучува во нивното име.