×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (09.01.2020)

    09.01.2020 07:52 | KumanovoNews

    Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (09.01.2020)

    Овен

    Секојдневното измачување нема да ви донесе решение на проблемите.  Не избегнувајте ги проблемите кои ви стојат на глава. На љубовен план, промените се можни само доколку ја погледнете пошироката слика.

    Бик

    Доколку сакате да видите некои промени на работното место тогаш ќе мора истите да ги побарате, не секој знае што вие имате во главата. Кога станува збор за љубовта, можеби треба да бидете малку потрпеливи или трпение-спасение.

    Близнаци

    Вие сте човек кој сака промени и кој веќе почнува да се разочарува затоа што истите не му се случуваат. Не очајувајте, од новата година има поминато само една недела. Кога станува збор за љубовта имате чувство дека треба да му отстапите малку простор на вашиот сакан.

    Рак

    Не секогаш работите коишто ги сакаме излегуваат такви какви што сакаме да бидат. Прифатете го тоа и не правете преголеми драми. На љубовен план, од зборови прејдете на дела.

    Лав

    Ако вчера бевте преокупирани со мислите за луѓето околу вас, денес ќе бидете преокупирани со работата. Меѓутоа, не заборавајте и дека во последно време многу малку внимание посветувате на самите вас.

    Девица

    Психолозите велат дека понекогаш е добро доколку кажете се' што ви лежи на душа, а тоа го велат денес и ѕвездите. Не затворсјте се во себеси. На љубовен план, прегрнете ја саканата личност и обидете се да не бидете секогаш со негативни мисли за иднината.

    Вага

    Постарите луѓе велат дека за да се исчисти ѓубрето околу себе мора прво да се исчисти сопствениот двор. Пред да ги обвинувате другите, најпрво погледнете се' што имате соберено во себеси. На љубовен план, не заборавајте дека и мала караница некогаш е знак за љубов, секако доколку не преминува во насилство.

    Шкорпија

    Доколку денес сакате да кажете што не ви се допаѓа на работата, прво размислете дали е погоден моментот и личноста на кој сакате истото да и' го кажете. На љубовен план, не секогаш излегува како вие што сакате, научете дека љубовта не оди заедно со контролата.

    Стрелец

    Вашиот ден денес ќе се разликува драстично од вчерашниот, едноставно ќе се чувствувате порелаксирани и поодморено. Веројатно веќе почнувате да сфаќате колку е неопходно човек да се грижи и за самиот себе.

    Јарец

    Вашата инаетливост во последно време не вродува со плод, се' што ќе започнете не успевате да го завршите. Никому денес не му се потребни луѓе кои ќе се однесуваат горделиво и притоа ќе ја попречуваат работата. Вие навистина имате објективни причини, но не заборавајте дека работата си е работа.

    Водолија

    Секојдневните разговори со некои луѓе почнуваат се' повеќе да ве истоштуваат, а вие упорно не се одделувате од нив. Планот за правење на селекција на луѓе почнува да ви паѓа во вода. На љубовен план веќе речиси и да не посветувате време.

    Риби

    Без разлика дали вам ви се допаѓаат некои работи или не, денес нема да имате сили истите толку лесно да ги смените. Не заборавајте дека војникот за да тргне во "борба" мора најнапред да е добро подготвен. На љубовен план, препуштете им се на емоциите.