Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дневен хороскоп
Овен
Некој на вашето работно место денес кај вас ќе предизвика сомнежи, па ќе сакате во текот на целиот ден да стоите на страна, а тоа на некои од останатите колеги ќе им наликува на возгордеаност. Вие држете се до вашето мислење. На љубовно поле, обидете се да ѝ покажете на вашата сакана личност дека и вие имате способности кога станува збор за договарање на некоја „работа“.
Бик
Кога станува збор за работата, денес нема да ви се допаѓаат одлуките на вашите колеги, па ќе сакате да најдете начин како вие сами да си ги завршите обврските. Обидете се да најдете начин на кој тие нема да забележат дека ги избегнувате. Што се однесува до љубовта, уживајте само во друштвото кое ви носи позитивни вибрации, затоа што доволно ќе ви биде напорен денот на работата. Доколку вашиот партнер нема разбирање за вас самите, тогаш излезете со друштвото.
Близнаци
Денес ќе си ја барате смислата во она коешто го правите и на некој начин ќе ја наоѓате, а тоа дополнително ќе ве мотивира за побрзо да ви помине работниот ден. На љубовен план, сконцентирајте се на вашите чувства, тие денес ќе ви кажат како да се однесувате со саканата личност. Избегнете ја рационалноста на разумот.
Рак
Иако денес ќе се обидете да се повикате на искреноста кога станува збор за работата, сепак тоа нема да предзвика некои особени воодушевувања кај другите. Обидете се да стоите цврст и да се борите за правдината, не секогаш треба да се навалува главата, затоа што тоа може да го злоупотреби против вас. На љубовно поле, расчистете со вашите илузии, затоа што вие можете да сакате многу нешта, но реалноста е сосема поинаква и затоа доколку сакате промени, размислете за истата ситуација многу посериозно.
Лав
Иако делувате целосно способни за да ги завршите вашите обврски на работата, немојте да ги потценувате и вашите соработници, затоа што истото може да ви се удри од глава. На љубовен план, не ги потиснувајте емоциите пред личноста која вас многу добро ве познава.
Девица
Денес доколку сакате да направите некоја промена на работата, прво размислете дали тоа треба да го направите етапно. Затоа што земањето на „преголем залак“ може денес за вас да значи неуспех. На љубовно поле, денес ве очекуваат изненадувања од некоја личост која особено ја вреднувате.
Вага
Доколку денес се најдете во ситуација во која треба да испочитувате нечиј договор, тогаш направете го тоа, затоа што се можни несакни несогласувања. На љубовен план, сѐ е полесно кога ја имате поддршката од саканите, а вие за тоа сте сосема свесни. Затоа не штедете ги зборовите за да им го кажете тоа. Направете разлика!
Шкорпија
Не го правете денес на работата она кое мислите дека ќе ви донесе негативни последици. Послушајте го вашиот внатрешен глас. Кога станува збор за љубовта, обидете се да ги избегнете луѓето кои ви создаваат сѐ поголеми несогласувања со вашиот партнер.
Стрелец
Доколку денес се најдете во конфликт со некоја личност која има различни мерила за работата, обидете се да останете на страна затоа што вашето негодување може да биде протолкувано како лоша навика. На љубовен план, доколку вашата сакана личност постојано ве опоменува, размислете за истото и не го негирајте тоа.
Јарец
Доколку сметате дека одредена комуникација со некој од претпоставените на работата ќе ја промени вашата сегашна состојба, тогаш не го одолговлекувајте истото. На љубовен план, обидете се да бидете реални и да не мислите дека она што во моментот ви изгледа „светкаво“ дека може да биде вистинска љубов.
Водолија
Доколку е потребно денес употребете ги и своите дипломатски способности, односно не правете го она што мислите дека може да ви наштети. На љуовен пплан, денес посебно ќе биде изразен нескладот во вашата врска, на вашиот партнер му недостига мотивираност, а на вас упорност. Преземете нешто пред да биде доцна.
Риби
Доколку денес на рабоата некој ви најде грешка, прифатете ја истата и побарајте помош. Не одете секогаш со глава во ѕид. Прифаќањето на грешките не ве прави послаби, туку подоверливи. На љубовен план, денес особено ќе биде нагласена вашата емотвна раздразнетост. Доколку навистина чувствувате дека нешто не е во ред, поразговарајте за истото со вашиот партнер.