×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (14.8.2020)

    14.08.2020 08:13 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (14.8.2020)

    Овен

    Иако ќе бидете енергични и спремни за остварување на плановите, сепак негодувањето кон некој којшто е повисоко рангиран од вас нa професионалното поле, денес ќе ви го стопира целиот процес.

    На љубовното поле, најдоброто правилоза да видите дали некој навистина ве сака е да бидете она што сте, а ако е така тогаш и да се трудите да станете она што сакате да бидете.

    Бик

    Доколку некој од вас бара да бидете одговорни за одредени работи, денес однесувајте се така затоа што постои можност за мали расправии.

    Доколку имате некое недоразбирање со партнерот, обидете се да го решите уште денес, но не им придавајте големо значење на некои небитни работи.

    Близнаци

    Денес ќе делувате позитивно и со тоа ќе придонесете да оставите убав впечаток за вас во околината.

    Не се осамувајте, туку релаксирајте се во некое потесно друштво, затоа што тоа ви недостасува.

    Рак

    Нечие однесување денес ќе влијае на вашето расположение, па затоа избегнувајте ги сите кои ви носат негативна енергија.

    Кога станува збор за љубовта, често работите знаат да бидат нерационални, но тоа не значи дека треба да бидете наивни и да прогледувате низ прсти за секакви работи.

    Лав

    Некој се обидува да ви ги помати работите на професионалното поле, но вие сте рационални и ќе успеете да се справите со конфликната ситуација.

    Не однесувајте се кон вашиот партнер супериорно и како вие да сте главниот кој го има последниот збор.

    Девица

    Денес ќе бидете уверени дека можете да го завршите она што другите не можат, па ќе барате начин како тоа да го спроведете.

    Ако некој навистина ви значи толку многу како што кажувате, тогаш не ставајте го постојано на тест, туку бидете искрени кон истата личност.

    Вага

    Вашето однесување денес ќе биде доследно и рационално, затоа што нема да сакате никаква пречка којашто ќе ви го оневозможи исполнувањето на зацртаното.

    Премногу ве потиснуваат некои одлуки на вашиот партнер, време е за тоа да поразговарате со него.

    Шкорпија

    На професионалното поле, некој ви нуди помош, но вие сте сосема свесни дека таа услуга ќе треба скапо да ја платите. Размислете дали можете да најдете друг начин за да го исполните планираното.

    Кога станува збор за љубовта, бидете поприсутни и позаинтересирани и за животот на вашата сакана личност.

    Стрелец

    Денес ќе сфатите дека и покрај вашите интелектуални компетенции, дека сепак нема да можете да го исполните она што го сакате. Делувајте попрактично и онака како што другите ќе се однесуваат кон вас.

    Партнерот изразува незадоволство за некои ваши однесувања, но вие не сакате да го сослушате.

    Јарец

    Однесувајте се посериозно кон работите, затоа што доследноста и сериозноста денес ќе ви овозможат да го исполните она што го сакате.

    Не однесувајте се секогаш со недоверба кон саканата личност, најпрво сослушајте ја , па дури тогаш давајте проценка.

    Водолија

    Сакате да го искажете своето мислење, но сфаќате дека тоа ве носи до поголеми конфликти. Денес ќе им бидете на располагање на другите, затоа што знаете дека тоа е единствениот начин за да успеете.

    Денес ќе бидете расположени и за дружење.

    Риби

    Денес сосема ќе сфатите дека вие сте само една алка во ланецот и дека за да можете да направите промена ќе мора да бидете дел и од другите алки. Промената најпрво почнува од вас, но не секогаш може само со вас.

    Што се однесува до љубовта, денес ќе бидете гладни за емотивна прегратка.