×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (17.8.2020)

    17.08.2020 07:10 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (17.8.2020)

    Овен

    Приспособете се кон промената којашто денес ќе ви се случи. Адаптацијата честопати знае да биде најдоброто решение на проблемот.

    Останете присебни во комуникацијата со саканата личност.

    Бик

    Во текот на овој ден ќе имате потешкотии во комуникацијата. Обидете се да не доаѓате во конфликт со вашите надредени.

    Размислете дали вие навистина го сакате вашиот партнер, па дури тогаш некои проблеми ќе можете да ги разрешите.

    Близнаци

    Некои непланирани трошоци ќе ве спопаднат на самиот почеток на неделата. Сето тоа ќе предизвика нервоза кај вас, па целата недела ќе бидете преориентирани кон финансиите.

    Вашите чувства стануваат поразлични, а партнерот тоа го забележува.

    Рак

    Денес ќе се чувствувате исполнето, но не поради вас, туку поради некои позитивни работи коишто ќе му се случат на вашиот сакан.

    Во љубовта не е важна само страста, туку и сигурноста и топлината на заедницата.

    Лав

    Овој ден е можно да ви се случат промени на планот на професионалното поле. Долго време сте незадоволни од ситуацијата во којашто се наоѓате, а тоа ве прави несреќни.

    Од личноста која навистина има големо значење за вас, очекувате поголема поддршка.

    Девица

    Денес нема да сакате да бидете затворени помеѓу четири ѕида, па ќе сакате да излезете и да ја почувствувате слободата. Најдоброто решение е шолја кафе со некој ваш близок пријател или пријателка.

    Бидете пореални со очекувањата од вашиот партнер.

    Вага

    Денес можат да ви се случат промени на професионалното поле и тоа ве прави од една страна посреќни, а од друга страна понесигурни. Пред да донесете одлука, размислете што сакате навистна.

    Вашиот љубовен живот е несигурен поради вашата несигурност.

    Шкорпија

    Некои работи коишто ги избегнувавте претходните денови, денес ќе ви излезат пред очи. Ќе мора да донесете одлука.

    Од една страна станувате поодалечени од семејството, а од друга страна имате поголема потреба за нив.

    Стрелец

    Денес вашите нерви ќе бидат значително слаби кога станува збор за работата, па затоа ќе треба да се тргате на страна од вашите надредени.

    Кога станува збор за љубовта, вие му давате до знаење на партнерот дека сте она што тој го има запознаено и прифатено на самиот почеток.

    Јарец

    Денес вашето расположение може да биде значително намалено. Од една страна поради осаменоста којашто ја чувствувате, а од друга страна поради невозможноста да се справите со сите предизвици на работата.

    Бидете поголем дел со семејството, тие ќе ви ја вратат енергијата.

    Водолија

    Некоја личност којашто не ја очекувате, денес ќе ви се појави во животот и ќе ви предизвика забуна. Останете доследни на вашите ставови.

    Не барајте од партнерот нешто коешто ни вие не сте способни да му го дадете.

    Риби

    Денес средбите со некои луѓе ќе ви ја вратат бојата на лицето и ќе ви намамат насмевка. Деновиве очајно ви се потребни нови лица.

    Доколку сакате да го промените светот, промената мора најпрво да започне од вас.