×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (19.09.2020)

    19.09.2020 06:58 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп (19.09.2020)

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (19.09.2020)

    Овен

    Не се колебајте да работите на нешто кое го сакате, иако од истото нема да бидете финансиски задоволни. Понекогаш личната сатисфакција е она што ни е потребно за внатрешниот мир и нашата самодоверба. На работата, голема е веројатноста дека ќе треба да се потпрете на некој, па бидете внимателни при изборот. Овој ден, исто така голема е веројатноста пред очите да ви се појави некоја интересна личност. Секоја понуда за дружење, денес е добредојдена за вас.

    Бик

    Иако сакате да направите чекор напред, прво расчистете се` што имате од минатото, за да не се враќате два чекори назад, а да одите само еден напред. На работата ќе почувствувате потешкоттии при извршување на обврските, се` ќе биде лесно на зборови, но нема да биде така на дела. Инаку, денес може да забележите дека некој кој долго време ви е пријател, всушност има поинтимни чувства за вас. Доколку ги споделувате истите чувства, не плашете се, тоа е човекот кој го познавате.

    Близнаци

    Денес за работите кои ги правите ќе се чувствувате попречено. Размислете до каде сте со менталното здравје, не е секогаш проблемот во другите. На работата, ќе ја имате моќта да ги хипнотизира те луѓето околу вас. На љубовното поле, ве очекува "размрдување", доколку сте личност која е заинтересирана за помирна атмосфера, тогаш кажете го истото. Луѓето, често немаат време да читаат нечии емоции.

    Рак

    Иако сте човек кој не е љубител на адреналин, денес направете исклучок. Видете, како е да се живее денот, во постојана активност, истото може да ви биде добра мотивација. На работата ќе се чувствувате искористено, на луѓето кога им давате прст, тие ви ја земаат целата рака. Кога станува збор за љубов, голема е веројатноста дека некој ќе се обиде да го наруши вашиот кредибилитет, без да има основа. Отстранете ја истата личност од вашиот живот, во овој живот ви фалат искрени луѓе, а не завидливи.

    Лав

    Обидете се да не ги калкулирате сите работи, дозволете да уживате во спонтаните моменти, зашто они даваат чувство на неизнасилена убавина. На работата не плашете се да преземете посериозни чекори. Што се однесува до љубовта, ќе сакате да ги нормализира те односите со вашиот партнер. Нешто не е во ред со вашата комуникација, па затоа ќе се обидете да допрете до вашиот партнер за да ви се подобрат односите. Доколку сте слободни, денес ќе размислувате за постабилна врска.

    Девица

    Иако сте во малку потешна ситуација, вие одбивате даде обидете истата да ја решите на алтернативен начин. Па се' гледате или црно или бело. Можеби е време да се ослободите. На работата, обидете се да се држите до сопствениот ангажман, не обидувајте се да се надмудрувате. Слободните припадници на овој хороскопски знак, нема да се задоволни со она што им се "нуди". Додека пак, оние кои се во врска, со својот партнер може и да размислуваат да ја зацврстат нивната врска. Но, оставете го сето тоа да се одвива спонтано.

    Вага

    Денес ќе се чувствувате ментално охрабрени, но и физички. Иако е тешко, да се избалансираат и двете. Најчесто ни фали едно од двете, но денес за вас нема да биде така. Поради таа причина, искористете го денот. На работата, нема да биде на одмет ако ги доврши те работите кои ви имаат заостанато. Кога станува збор за љубовта, ќе сакате да се одалечите од вашиот партнер и да подразмислите зошто ја немате неговата поддршка. Можеби проблемот не е во вашиот партнер, туку во вашиот внатрешен немир, кој не ви дозволува да размислувате со "трезна глава".

    Шкорпија

    Бидете присутни во случувањата, не можете секогаш да се криете зад грбот на некој друг. Не плашете се, затоа што ја имате поддршката на блиските. Зарем тоа не е најважно? На работата, сите ќе ве сфаќаат лично, објаснете им дека не треба тоа да го прават. На љубовното поле, може денес ќе сакате да се подзатскриете, затоа што ќе ве прогонува некоја личност од минатото. Се' е во ред, додека вие сте одлучни!

    Стрелец

    Постојано ќе чувствувате дека нема што да кажете, како веќе сите зборови да ви се кажани. Понекогаш човекот се уморува од премногу објаснувања. На работата, притисокот ќе биде малку поголем, па затоа обидете се да бидете повнимателни дури и кога станува збор за зборовите. Вашиот партнер, можеби сака да ви каже како се чувствува, но вие сето тоа ќе го чувствувате предраматично. Едноставно, како да чувствувате потреба за простор во кој ќе можете слободно да вдишите и издишите.

    Јарец

    Иако, во текот на денот ќе се најдете во состојба да размислите за тоа дали некому да помогнете или не, вие истото ќе го направите. На работата, се' она што ќе го направите, гледајте да биде подетално, луѓето го очекуваат тоа од вас. Кога станува збор за љубовта, се' што денес треба да знаете е дека е време да и' се препуштите на љубовта и да уживате.

    Водолија

    Бидејќи денес ќе сте способни за правење на повеќе работи во исто време, искористете го тоа за можностите кои ви стојат "пред нос". На работата, разгледајте ја повторно завршената работа, голема е веројатноста дека имате заборавено некои детали. Кога станува збор за љубовта голема е можноста од разочарување, ѕвездите ви препорачуваат да внимавате во кого се заљубувате.

    Риби

    Пред да се впуштите во некоја конфликтна ситуација, размислете за истото. Последиците можат да се одразат врз вас. На работата, постојано ќе се соочувате со работи кои не ви одговараат. А пак, кога станува збор за љубовта, денес ќе ја пеобудите страста со својот партнер. Бидејќи истото, може да значи и жртвување на некои работи, очекувајте ја насмевката на лицето на вашиот партнер.