Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
ДНЕВЕН ХОРОСКОП
Овен
Иако денеска ќе биде изразена вашата шармантност и ќе делувате привлечно за вашата околина, сепак ќе имате потешктии при реаизирање на вашта работа. Не се обидувајте привлечноста да ја користите како адут.
Кога станува збор за љубовта, ќе сакате личноста до вас да биде спој и од интелктуалното и од убавото, но денес неа да имате впечаток дека таква личност имате покрај себе.
Бик
Денеска може да се соочите со одредени неправди од страна на вашите соработници, но вашата претпазливост ќе придонесе тоа да се реши на многу полесен начин.
Кога станува збор за љубовта, вие постојано зборувате дека нешто сакате да направите, но тоа се сведува само на зборовите. Затоа не обвинувајте го секогаш вашиот партнер.
Близнаци
Денес обидете се рационално да си ги распределите вашите обврски, со што од една страна ќе си го намалите времето за работа, но од друга страна ќе бидете далеко поефикасни кога станува збор за работата.
На љубовниот план, ќе чувствувате дека нешто не е во ред со вашите односи, но сепак нема да знаете каде е проблемот. Обидете се да бидете порационални и да видите што навистина се случува не само внатре во врската. туку и надвор од неа, но ве допира и вас.
Рак
Сакате да напредувате на повеќе полиња од вашиот живот, но сепак денес ќе бидете повеќе насочени кон работата. Во овој момент мотивацијата ви се и парите.
Без разлика дали го избегнувате контактот со партнерот или не, некогаш ќе мора да се соочите со оние работи кои ве мачат. Не бидете плашливи, затоа што не можете да избегате од она што ви е пред нос.
Лав
Работите на вашето професионално поле се менуваат со брзината на светлината. Не знаете која страна да ја заземете или кон што да се ориентирате. Искористете ја вашата снаодливост и обидете се да ги изанализирате работите, за да сфатите што навистина е приоритетот во овој момент и да се насочите кон него.
Иако сте сомнителни кога стануува збор за партнерот, тоа воопшто не претставува доказ.
Девица
Овој ден ќе се обидете да создадете некоја целина или хармонија во сите аспекти на животот. Имате чувство дека ви недостига некој дел и затоа чувствувате празнина. Се` што треба да направите е да бидете она што сте.
Денес особено ќе ги вреднувате чувствата на вашииот партнер.
Вага
Вие делувате позитивно на вашето опкружување, па затоа денес и ќе ве очекува полесен ден на работата, а и подобри резултати.
Кога станува збор за љубовта, загрижени сте за партнерот и за неговите промени во расположението. Сослушајте го, но не заборавајте дека сите ние имаме успони и падови и во расположението и во животот општо.
Шкорпија
Денес ќе делувате многу пофункционално и многу поорганизирано. Сето тоа ќе се одрази на вашата околина, па вашите колеги ќе сакаат да бидат дел од вашето друштво.
Особено го вреднувате друштвото на вашиот партнер, па денес ќе се обидете да направите поубава атмосфера помеѓу вас двајца.
Стрелец
Вие сте личност која брзо ги сфаќа работите и токму вашата снаодливост придонесува да се чувствувате посигурно на работата. Сето ова ќе придонесе за прошиурување на вашите друштвени контакти.
На љубовен план, имате чувство дека влегувате во ладна емотивна врска.
Јарец
Иако се насочувате кон она што вам ви е важно, сепак вашите интереси претставуваат дополнителен напор за околината и затоа излегуваат надвор од можноста за целосна реализација.
Иако чувствувате емотивен занес, сепак односите со вашиот партнер ќе бидат мирна вода која ќе се обидувате да ја разбранувате.
Водолија
Денеска ќе чувствувате потреба да се релаксирате, па поголем дел од работата ќе ја препуштите на вашите соработници, па и со право со оглед на тоа колку многу работевте во текот на претходата недела.
На љубовно поле, друштвото на некоја личност ви прави задоволство, но внимавајте доколку сте во некој вид на врска. Секоја дополнителна компликација во овој момент може да ви ги наруши односите со партнерот.
Риби
Денес најубаво ќе се чувствувате во друштво каде се разменуваат слични идеи со вашите, па затоа и нема да сакате да комуницирате со секого.
Денес, исто така ќе чувствувате и емотивна потреба за поголема страст.