×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (2.9.2020)

    02.09.2020 07:22 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (2.9.2020)

    Овен

    Вашите мисли денес ќе бидат насочени кон размислување за некое место на коешто би можеле да отидете за да се одморите. Коуникацијата со луѓето ќе ви оди добро, па без размислување ќе се консултирате за вашето мислење со повеќе луѓе.

    Љубовта е движевчка сила на „универзумот“, за саканата личност сте подготвени да направите и работи за кои претходно сте велеле никогаш.

    Бик

    Вашите ставови секогаш се објективни, а вие сте спремни да дадете секогаш совет кога можете. Денеска вашите зборови ќе бидат особено значајни, затоа не расфрлајте се со нив.

    Љубовта може да ви ја одземе енергијата толку колку што вие ќе ѝ дозволите.

    Близнаци

    Вие сте знак кој навистина верува дека светот може да се спаси и постојано започнувате и од најмалите работи кои за многумина се безначајни. Вие сте сонувач и затоа честопати знаете да бидете надвор од колективот.

    Спонтаноста којашто ја имате со саканата личност е таа која што на партнерот му дава чувство на природност и топлина.

    Рак

    Иако денеска ќе бидете особено ентузијасти и исполнети со страст, сепак нема да успеете во голема мера да влијаете на емотивниот живот. Личноста од друга страна од вас не бара драстични промени, туку мали дејствувања кои ќе ѝ дадат до знаење дека навистина ви значи.

    Лав

    Иако најчесто се потпирате на интуицијата, сепак понекогаш заборавате на рационалниот аспект. Многупати светот не функционира интуитивно, затоа бидете повнимателни со вашите постапки.

    Сфаќате дека колку повеќе вложувате во врската дека толку повеќе истата станува помачна. Денес ќе оставите работите на ова поле да течат според природниот тек.

    Девица

    Иако сметате дека сте личност која најчесто го користи умот, денес некоја средба со одредена личност може да ви ги помати мислите.

    Вашата конфузност кога станува збор за љубовните прашања во голема мера е предизвикана од очекувањата на вашето опкружување, а не од вас самите.

    Вага

    Чувствувате дека времето ви поминува попусто, односно само работа-дома. Денес повторно ќе размислувате што вие навистина сакате да постигнете во животот.

    Сосема сте свесни дека понекогаш колку и да сакате да влијаете на љубовното поле, дека не можете. Денес ќе ги оставите работите такви какви што се.

    Шкорпија

    Доколку денес се отворат некои прашања за вашата иднина, тогаш зграпчете ја можноста во првата прилика. Не бидете наивни, некои работи се случуваат многу ретко во текот на животниот век.

    Не дозволувајте вашиот љубовен живот да стане некој „триаголник“ или пак „четириаголник“. Во љубовта има место само за двајца.

    Стрелец

    Некои работи кои ви се случуваат на професионалното поле не треба да ги игнорирате без да ги изанализирате. Понекогаш „гледањето на страна“ е добра карактеристика, но понекогаш значи и невинание.

    Ако чувствувате дека имате пробем на љубовното поле, тогаш не ставајте го тоа под тепих. Работите сами по себе се решаваат  многу ретко.

    Јарец

    Комуникацијата со вашите претпоставени денеска може да ви донесе подобрување на работните услови, но само ако бидете попретпазливи и попријатни.

    Во домот сакате да се чувствувате мирно и неоптеретено со додатни работи, меѓутоа денес ќе ве чекаат многу обврски. Секое прифаќање, значи пола завршена работа.

    Водолија

    Денес нема да сакате да правите компромиси за нешто што ви значи. Ќе сакате да го направите тоа и ќе барате разбирање од останатите.

    Особено ќе ви биде значајна поддршката од партнерот и ќе му потенцирате дека тие „мали“ сигурности за вас значат многу.

    Риби

    Доколку се чувствувате среќни за одредена работа, не срамете се да го покажете тоа.

    Вие знаете дека светот би можел да стане подобро место доколку и другите би биле сонувачи како вас, меѓутоа во последно време сите сонувачи околу вас како да ги сменува.