Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дневен хороскоп
Овен
Денес ве очекуваат проблеми на финансиското поле. Се' е можно да се случи со парите, може да ви фалат, па да позајмите од некого или пак вие некому да му позајмите. Секако ова е денот кога ако нешто сте решиле да направите не треба да размислувате по 100 пати за истото. Оние кои се во брак, многонека очекуваат недоразбирање со нивните деца. На љубовниот план,не се предвидени некои измени.
Бик
Денес ќе сте особено активни и креативно и физички. Вашата самодоверба и некој внатрешен немир нема да ви дозволат да бидете пасивни , дури ако сте заинтересирани за нешто ќе го барате истото, па макар и на интернет. На љубовното поле, очекувајте изненадување доколку не се затворите во 4 ѕида.
Близнаци
За близнаците денес е времето, кога треба да наметнат и да си го исполнат она што го сакаат. На се' што ќе им се нуди, ќе приоѓаат сосема полека,без избрзување. Бидејќи, на љубовниот план не се очекува некоја посебна промена, овој хороскопски знак денес може да се посвети на свое надоградување.
Рак
Астролозите на овој хороскопски знак му препорачуваат овој ден, да си го бараат она што им припаѓа. Односно, доколку на работата или на кое било друго место нешто заслужат, за истото тие да бидат наградени, а не постојано да се наоѓаат во втор план или зад завесата. Оние припадници на овој хороскопски знак кои ќе чувствуваат потреба за самотија, нека не го прават тоа затоа што денес, е голема веројатноста дека истото ќе прерасне во осаменост.
Лав
Ќе сакате да бидете дел од каква и да е група, сепак внимавајте истото да не го постигнувате на најнискиот можен начин-со оговарање. Кажете си го своето мислење искрено, тоа ќе ве оддели од толпата. Делот од денот посветете го на пријателите,затоа што е голема веројатноста дека некому ќе сте му потребни.
Девица
Денес е денот кога вашите батерии ќе се испразнети за што и да станува збор. Постојано ќе се обидувате да го фатите ритамот на денот, но попусто. Дури и доколку стапите во контакт со вашиот надреден, тогаш истото нема да ви донесе некој позитивен фидбек. Но водењето инат без потреба, нема да ви донесе никаков бенефит, тоа запомнете го.
Вага
За вагите денес ќе биде убав ден. На работата некој кој има поголема моќ ќе биде расположен да ви помогне. Па дури и да ви понуди некоја друга опција. Оние хороскопски знаци кои се слободни, нека екуваат нивната "симпатија" да ги покани на кафе или на некој начин да им возврати за нивната заинтересираност. Се' на се', убав ден за вас. Раширете ги крилјата!
Шкорпија
Може нема да сакате, но некако ќе бидете засегнати од проблемите во склопот на семејството. Веројатно ќе ви треба место на кое ќе сакате да се склоните, зашто ќе чувствувате немир и дека нешто ви недостига цел ден, на секое поле. Вашето незадоволство, веќе во вечерните часови ќе излезе на виделина.
Стрелец
На некој начин луѓето ќе се обидуваат да ве оценуваат, и тоа не многу позитивно. Дури е можно и работите на вашиот љубовен план да не се одвиваат баш најдобро. Време е да му дадете простор на партнерот за да сфати што сака. Сепак, овој ден ќе ви биде понапорен, од изминатите денови. Но, зарем после дожд не' оди сонце?
Јарец
Во текот на овој ден иако ќе имате доста работа, вие конечно ќе сакате да се опуштите и да се обидете да ги поттикнете работите да кренат на подобро. Секако, не очекувајте преголема успешност. Не аанализирајте секогаш. Доколку имате некој мал проблем со вашиот партнер, ќе успеете истото да го "преживеете", но доколку станува збор за посериозен проблем, тогаш посериозно и поразговарајте.
Водолија
Ќе бидете особено креативни, ќе сакате да се занимавате со се' што може да ви ја разгори фантазијата. Тоа е сосема во ред. Зарем и Ајнштајн не' го препорачал токму тоа, да и' се препуштите на имагинацијата? Во љубовта, денес не се очекува некоја посебна промена. Но иако е се' во ред, зарем не е време да ја искористите вашата имагинација и за "размрдување" на вашата љубов?
Риби
Ќе се чувствувате оптеретени, затоа што пак вашата грижа ќе станат парите. Не дозволувајте истото да влијае на вашиот однос со другите. Никој не ви е виновен во вашата околина. Кога станува збор за љубовта, бидејќи денес нема многу убаво да ви одат работите од рак, ќе сакате да направите промена за да изгледате попривлечно. Но, запомнете промената доаѓа од внатре, не од надвор.