ДНЕВЕН ХОРОСКОП (20.8.2020)

20.08.2020 11:30 | KumanovoNews

 Дневен хороскоп

ДНЕВЕН ХОРОСКОП (20.8.2020)

Бик

Денес ќе бидете склон на трошење на парите без никаква посебна потреб, затоа обидете се да ја контролирате желбата за шопинг.

Овен

Денес многу работи околу вас ќе ви наликуваат на илузија. Ќе се чувствувате како да се наоѓате во некоја друга реалност, за која не знаете што е вистина, а што не.

Партнерот честопати не може да го сфати тоа ваше однесување.

Близнаци

Иако со денови размислувате на кој начин да го купите она коешто ви е потребно, а за тоа да не потрошите многу пари, сепак денес не е добар ден за да правите некои посериозни инвестиции. Задоволете се со некои помали работи.

За сите претходни несогласувања со вашиот партнер, денес ќе глумите дека сте ги заборавиле. За миг ќе сакате да живеете во некоја друга реалност.

Рак

Денес нема да бидете сигурни дали вие сте жртвата за некои  работи ли пак вие сакате да бидете жртва. Едноставно. Ќе сакате да ги земете работите во вашите раце и да не дозволувате да се манипулира со вас.

Сите љубовни маки денес ќе сакате да ги оставите на страна.

Лав

Како и досега, вие имате многу предиспозиции  за успех но слаба волја, а поглема самодоверба. Бидете реални и во очекувањата но и во вашите можности, за реално да можете да имате континуиран успех.

Вашиот свет е она што вие сте го создале, да, но и она што луѓето околу вас го создаваат, затоа не можете да ги изземете од него.

Девица

Денес може да ви се појават некои проблеми во комуникацијата, меѓутоа не кревајте голема врева заради тоа. Во животот понекогаш мора да ги пуштиме неко луѓе да си одат од нас.

Без разлика дали станува збор за помали или поголеми недоразбирања со вашиот партнер, доколку помеѓу вас нема компромис, тогаш нешто не е во ред со врската.

Вага

Во текот на овој ден ќе сфатите дека вашите минати одлуки биле добри, затоа што на некој начин ќе имате позитивен резултат.

Вашето позитивно однесување, секогаш се одразува позитивно и на вашиот партнер, па затоа денес ќе имате убав ден.

Шкорпија

Денес ќе имате можност да направите некоја промена на љубовното поле, па искористете ја за одново да го фасцинирате вашиот партнер. Тоа е она што во моментот ви недостасува и на вас, а и на вашиот партнер.

Стрелец

Денес ќе се чувствувате убаво во својата кожа, односно како работите сами да си се местат на  свое место. Не очекувајте од луѓето околу вас повеќе од она за што се способни.

Јарец

Јасно е дека имате доверба во секоја своја одлука и дека сте сигурни во она што го правите. Меѓутоа, по патот по кој сте тргнале, денес може дазастанете на миг и да ги сослушате и другите. А меѓу нив е и вашата сакана личност, сепак таа најдобро ве познава.

Водолија

Денес е вистинскиот момент кога треба да престанете да се однесувате неодговорно и да тврдите постојано дека не сте талентирани. Зарем мислите вие дека талентот е седење со скрстени раце и чекање нешто да ви падне од небото?

Бидете подостапни за партнерот.

Риби

Денес како да ви исчезнува мотивацијата за работа, па сите работи ќе ви бидат отежнати. Не барајте ја секогаш вината во сиот свет, овој ден ѕирнете малку кон/во вас.

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk