×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (22.7.2020)

    22.07.2020 07:30 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (22.7.2020)

    Овен

    Вашите планови денеска ќе можат да се исполнат само доколку се насочите вистински и вредно кон работите.

    Не очекувајте големи промени на љубовното поле, ако само сте преземале некој мал чекор.

    Бик

    Луѓето стануваат зависни од оние коишто ги гледаат секојдневно. Затоа не чудете се доколку некој колега почне да ви го окупира вниманието. Само не дозволувајте тоа да ви ги помати работите на љубовното поле. Обидете се да одржите баланс.

    Близнаци

    Продолжете да бидете упорни и не дозволувајте на ништо да ви се препречи на патот. Вие си ја знаете целта, затоа не губете си го времето со беспотребни луѓе.

    Многу малку време ѝ посветувате на саканата личност, а повеќе на работата.

    Рак

    Контрадикторни ќе бидат вашите ставови на работата, денес нема да можете да се одлучите лесно која страна да заземете.

    Што се однесува до љубовните прашања, не заборавајте дека се` се може доколку се сака.

    Лав

    Вашите потешкотии стануваат неподносливи не затоа што ви е таква судбината, туку затоа што вие беспотребно си ги отежнувате работите на самите себеси. Научете се на полесен пристап за се` во животот. Тоа ќе ви заштеди и време, а и нерви.

    Вашите ставови на љубовното поле почнуваат да се менуваат.

    Девица

    Работите коишто ги направивте минатата недела, а за кои сметавте дека можеби не сте во право, денеска ќе ви се вратат како бумеранг. Соочете се со нив и бидете искрени во својот пристап.

    Љубовта е она коешто може од човека да направи божество, но и животно, а вие тоа најдобро го знаете.

    Вага

    Ако продолжите да се однесувате неодговорно и да делувате ненаспано на работата, немој да се сомневате во тоа дека другите ќе ја искористат можноста да го заземат вашето место.

    Вашиот партнер упорно сака да допре до вас, но вие не му оставате простор.

    Шкорпија

    Ако не престанете да преземате се` во своите раце, вие нема ниту да се одморите. Периодов ви е потребен одмор и на вашето тело и на вашиот ум, па затоа не преземајте обврски за кои ќе немате сили да ги туркате до крај.

    Денеска од околината ќе имате некои забелешки за вашиот партнер, пред да им го свртите грбот, размислете зошто тие луѓе го зборуваат тоа.

    Стрелец

    Беспотребните грижи ги носите со себеси постојано и секаде. Вие не дека немате можност, туку не сакате да се одморите, затоа што не знаете што да правите кога ќе имате слободно време за себеси.

    Вашиот љубовен живот денес ќе биде одраз на вашето расположение. Бидете попозитивни.

    Јарец

    Ако се однесувате неодговорно, не можете да очекувате од некој ваш колега постојано да ја презема одговорноста за вас. Вие сте возрасна личност и веќе треба да ѝ пристапите на работата од сосема поинаков агол.

    Оставете ги љубовните недоумици на страна и насочете се кон она што во моментот го имате, минатото и иднината се категории на кои најмалку можете да влијаете.

    Водолија

    Сите беспотребни работи како да се лепат за вас. Денеска ќе бидете претрупани со работата која ниту е за вас, а ниту пак ќе ви донесе некоја финансиска поткрепа.

    Оставете ги љубовните маки на страна и посветете му повеќе време на домот.

    Риби

    Вашата светла страна доаѓа до израз само кога вие сте навистина вие. Не однесувајте се како некој друг.

    Вашиот љубовен живот се подобрува, бидејќи сфативте дека беспотребно ја гушите саканата личност.