×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (25.09.2020)

    25.09.2020 05:53 | KumanovoNews

    Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (25.09.2020)

    Овен

    Овој ден, доколку сте расположени за покренување на иницијативата, тогаш очекувајте успех. Иако од другата страна, другите ќе бараат влакно во јајцето, обидете се истото да го занемарите и да се сосредоточите на она што вам ви е важно. Откако ќе ја завршите вашата работа, денес би било вистинско време и да му посветите време на вашиот партнер, за муабет. Комуникацијата е таа која ги зближува и одалечува луѓето.

    Бик

    Во текот на овој ден, вашата силна страна ќе биде вашата организација, односно вашата способност да се справите со повеќе работи во исто време. Тоа ќе ви влијае позитивно и на вашето мислење, затоа искористете го денот за да соберете позитивна енергија за деновите кои ве очекуваат. Што се однесува на љубовниот живот, бидејќи се` ќе ви оди од рака, денес и разговорите со саканата личност нема да ви се здодевни.

    Близнаци

    Еве, го периодот кога вие треба да блеснете. На работата, сте преполни со идеи и истите ќе почнете да ги реализирате. Ова е денот, кога ќе се смеете задоволно. Сепак, како јаготка на шлагот ќе ви биде и вашето разгалување од вашата сакана личност. Уживајте!

    Рак

    Ќе бидете потрпани со работата. Меѓутоа, тоа и нема да е особен проблем, ако луѓето постојано не очекуваат од вас да комуницирате со нив, а тоа понекогаш одзема повеќе време од самата работа. Вашата напнатост, најверојатно  ќе ја пренесете на вашиот партнер, бидејќи според поставеноста на ѕвездите, денес е предвидена блага расправија со саканата личност.

    Лав

    Иако сте преоптoварени на работата, обидете се тоа да го заборавите и да се препуштите на работата, затоа што никој нема да сака да ја земе и вашата работа на својот грб. Брзо ќе ги решавате проблемите и тоа ќе ви биде голем плус, за денот да ви помине полеснно. Бидејќи нема да имате многу слободно време и комуникацијата со вашиот партнер ќе биде сведена на минимум. Но, легнете си порано, затоа што енергијата се регенерира со добар сон.

    Девица

    Околу вас се вртат можности, кои може да ги забележите доколку не одите со „очите широко затворени“. Често работите кои се пред вас, знаете да не ги забележите. Денес, сконцентрирајте се на тоа. Што се однесува до љубовта, денес, некоја личност особено ќе ви ги преокупира мислите, па подолго време ќе се прашувате зошто е тоа така.

    Вага

    Во текот на овој ден е можен одличен договор на работата. Она што вие треба да го направите е да се поставите целосно професионално, без никакви другарски сугестии или насочувања. Работата си е работа, дружбата си е дружба. Инаку, денес низ главата ќе ви се врти некоја личност од минатото, која во последно време испливува на површината од вашето несвесно.

    Шкорпија

    Астролозите за вас велат дека е добар ден доколку сте заинтересирани за „правење пари“. Затоа секоја можност која ќе ја намирисате, обидете се да ја искористите. Што се однесува до љубовните чувства, денес ќе ви бидат посебно изразени, а тоа ќе го забележи и личноста која ви се допаѓа. Не вознемирувајте се, луѓето сакаат да бидат сакани. Вие не сте напорни!

    Стрелец

    Денес, вашите постапки, предизвикуваат заинтересираност околу вас. Астролозите, препорачуваат да се насочите кон нешто кое конкретно ве интересира и на истото да му пристапите од практична страна. Затоа што, во последно време, практичноста станува ваша посилна страна. Инаку, денес ќе го привлечете вниманието на некоја личност која ќе се најде во вашата близина, а тоа за вас ќе претставува задоволство. А кому не му претставува задоволство, кога знае дека некому му се допаѓа?

    Јарец

    Вашите планови почнуваат да се остваруваат и сето тоа тоа ви носи задоволство. Но, вие продолжувате да се преиспитувате, одново и одново. Вашето размислување понекогаш знае да ве направи пасивни. Затоа, ако денес се почувствувате несигурно, обидете се да и` поверувате на вашата интуиција. Истот важи и за работата, истото важи и за љубовниот живот.

    Водолија

    Некои работи кои ви ги засилуваат маките, денес ќе се обидете да ги решите. Не мора да станува збор за работа. Вашата потрошена енергија, ќе сакате да ја надополните во прегратката на вашиот партнер и ќе сакате да слушнете некој убав збор. Вие препуштете им се на емоциите, се` друго си доаѓа сосема природно. Никој не е имун на прегратките на своите сакани.

    Риби

    Денес ќе сте уморни и ќе имате брзо темпо на работа. Ништо ново за вас, но новото е како да најдете нов начин за да се справувате со истото. Нема некоја особена утеха! Денес, ќе имате особена потреба за воспоставување на емотивен контакт. Припадниците на овој хороскопски знак, кои се слободни, најверојатно таквиот емотивен контакт ќе го побараат на работата, затоа што тоа им е најблиску и им е на дофат.