×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (26.6.2020)

    26.06.2020 06:58 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (26.6.2020)

    Овен

    Денеска ќе бидете во неизвесност поради работната ситуација и постојано ќе бидете во исчекување на некоја информација. Не бидете нетрпеливи, ќе ја добиете.

    Она што сакате да го добиете од партнерот е поголемо разбирање, па затоа и денес ќе се "борите" за тоа.

    Бик

    Соработниците ви веруваат на зборот и на вашите способности, затоа не бидете и вие толку сомничави кон нив.

    Не манипулирајте со туѓите емоции, некој може да биде  повреден заради тоа.

    Близнаци

    Во овој период од работата најважно ви е да бидете во контакт со личности од доверба.

    Без разлика дали сте или не сте во врска, денес ќе бидете склони кон авантура.

    Рак

    Оние припадници на овој хороскопски знак кои соработуваат со некој од странство, денес можат да очекуваат успешен ден.

    Денес ќе имате можност да се покажете онакви какви што навистина сте, размислете дали сте она што го зборувате.

    Лав

    Не ставајте ја на страна вашата способност само заради тоа што не сакате да комуницирате со луѓето. Комуникацијата е главно средство за остварување на врски.

    Не плашете се од доминантноста на вашиот партнер, туку докажете му дека и вие можете да бидете рамо до рамо со него.

    Девица

    Искористете ја поддршката којашто ја имате од вашите колеги за да го постигнете она што го планирате. Многупати човекот не може сам да направи се', затоа што не е важен само квалитетот туку и времето.

    На емотивното поле, денес ќе ги преиспитувате вашите одлуки.

    Вага

    Доколку чувствувате дека сте способни да сработите повеќе од она што ви се нуди, не срамете се да побарате повеќе, меѓутоа направете договор истото да ви се исплати и финансиски.

    Склони сте кон повлекување во себе.

    Шкорпија

    Сконцентрирајте се кон она што ви е најважно. Секојдневните грижи оставете и на страна, затоа што нив ги има постојано.

    Не љубовното поле, не е се' како што изгледа на површината, погледнете малку подлабоко.

    Стрелец

    Обидете се да не реагирате бурно пред вашите колеги, затоа што не секој ви мисли добро. Бидете мирни и стабилни.

    Вашиот љубовен живот станува како брканица помеѓу мачорот и глушецот.

    Јарец

    Бидете пресметливи и кога станува збор за работата,  не правете секогаш повеќе од она што ви се исплати.

    Вашата сакана личност забележува дека не и' свртувате внимание и почнува да станува љубопитна зошто е тоа така.

    Водолија

    Денеска сите ќе ја забележат вашата настојчивост да ги завршите работите, па ќе се понудат и да ви помогнат. Трпеливоста и упорноста се забележуваат од далеку.

    Вашата иднина е во вашата сегашност, само вие станувате слепи за истото.

    Риби

    Ситуацијата на работата не е таква каква што предвидувате. Останувате зад другите само затоа што не сакате да пропуштите со вашите ставови.

    Не ги избегнувајте луѓето околу вас, само затоа што имате одредени емоции кон некоја личност.