×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (29.11.2019)

    29.11.2019 07:50 | KumanovoNews

    Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (29.11.2019)

    Овен

    Доколку навистина сакате да напредува она што го имате, тогаш размислете и дали сте во финансиска состојба да вложите во истото. На љубовен план, ќе направите квалитетни промени во вашиот живот и со самото тоа ќе внесете позитивна енергија во врската. На слободните припадници на овој хороскопски знак им претстои  сериозна можност за оформување на врска.

    Бик

    Иако на другите околу вас им изгледа смешно, но вашиот вкус за естетиката со секој ден напредува и вие се здобивате со самодоверба затоа што гледате дека кога сакате нешто, дека во истото можете и да успеете. На љубовен план, доколку сте во врска, овој ден особено ќе си наоѓате интересни работи со вашиот партнер, а доколку сте слободни очекувајте можност за отпочнување на убава комуникација со некоја поинтересна личност.

    Близнаци

    Во последно време се чувствувате незадоволни од вашето работно место, а размислувате за некој свој приватен бизнис не колебајте се да ја доразвиете идејата, никому на почеток не му било лесно. На љубовен план, денес ќе чувствувате особена потреба од физички допир со вашиот партнер, а на истиот начин и ќе остварите поголема блискост, затоа не мислете се дали треба да преземете акција.

    Рак

    За да преземете некоја иницијатива на работата ќе ви биде потребна помошта од вашите соработници. Бидејќи ѕвездите ви се наклонети денес на вас, особено ќе бидете продуктивни во комуникацијата. На љубовно поле, и на вас и на вашиот партнер ви е неопходно да поминувате повеќе време заедно, а со самото тоа и да продолжите со начинот на кој порано имате функционирате, надополнувајќи се еден со друг.

    Лав

    Денес ќе бидете особено заинтересирани за да преговарате со вашите соработници, а со тоа и ќе ви биде зголемена можноста да воспоставите финансиска добивка. На љубовен план, ќе остварите особена блискост со вашиот партнер и со вашето семејство. Доколку сте слободни, од особена важност е денес да му дадете можност на некој кој подолго време се обидува да ви се приближи.

    Девица

    Денес ќе сте способни да се справите со сите потешкотии со кои ќе се соочите во текот на денот, па дури и тоа ќе ви биде дополнителна мотивација за да преземете и други обврски. На љубовен план, ќе бидете во можност да остварите некоја заедничка материјална придобивка со вашиот партнер, затоа обидете се да му верувате на зборот. Оние кои се слободни овој ден треба да размислат со кој сакаат да ја оформат својата иднина, за да можат да се насочат кон истото.

    Вага

    Овој ден размислете како да се справите со финансиските кризи во кои запаѓате, направете листа со приоритети и не трошете премногу за работи кои и не се толку важни. На љубовен план, денес ќе размислувате како да придонесете за поголема блискост со вашиот партнер, па дури и ќе размислите да започнете некоја заедничка иницијатива.

    Шкорпија

    Ќе имате прилика да воспоставите добри контакти со вашите соработници, па искористете ја можноста да придонесете за фирмата, а со самото тоа и за вашито истакнување. На љубовен план, обидете се плановите кои ги имате да ги предложите на вашиот партнер и да го работите заедно она што го сакате. Кога еден од партнерите нешто навистина сака, во истото треба да има поддршка и од другиот.

    Стрелец

    Доколку имате некој план кој се однесува на некоја градежна активност денес особено ќе бидете продуктивни со вашите идеи. На љубовен план,  ќе имате исто така продуктивни идеи и со самото тоа ќе ги разубавите деновите со вашиот партнер. Додека пак слободните припадници на овој хороскопски знак, денес треба да му дадат можност на оној кој постојано е тука за нив.

    Јарец

    Денес дури и само еден конструктивен потег на работата може да ви придонесе за подобрување на условите. Затоа, денес соработувајте и со останатите. На љубовен план, денес особено ќе сакате да го добиете вниманието на вашиот партнер, па затоа и ќе се потрудите не само да бидете позитивни туку и да се присетите на работите кои ги сака вашиот партнер, а тоа особено ќе ја зголеми вашата блискост.

    Водолија

    Доколку размислувате за некој бизнис, денот е погоден да преземете акција. Не двоумете се секогаш по стопати пред да започнете со нешто. Можеби истата неодлучност е таа која ја создава вашата неспособност да започнете нешто успешно. На љубовен план, особено ќе бидете заинтересирани и заангажирани за она што го имате и ќе почнете додатно да го вреднувате, затоа ве очекува убав и пријатен ден.

    Риби

    Денес ќе бидете конструктивни во вашата комуникација, па со истото и ќе придонесете за подобра соработка со вашите колеги. Она што денес ќе ви недостига е времето за да си ги довршите сите обврски, меѓутоа не грижете се работата нема кај да ви бега. На љубовен план, денес особено ќе се насочите кон подобрување на односите со вашата сакана личност, што кај вас ќе предизвика и дополнителна самодоверба.