Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дневен хороскоп
Овен
Доколку денес преземете некоја иницијатива обидете се да бидете претпазливи. Се' што ќе кажете ќе биде сфатено здраво за готово. Искористете го денот за да уживате, зашто во последно време многу поретко имате енергија за да уживате со партнерот.. Бидејќи е викенд, излезете некаде на прошетка, додека се' уште временските услови го дозволуваат тоа.
Бик
Денес, целосно ќе бидете насочени кон љубовта. Она што ќе ве интересира е како да се останете стабилни во врската за да го задржите она што го имате. Сосема сте во право, ако денес не сакате да се заморувате со работата, оставете го мозокот да ви се одмори, а на саканата личност пригответе и' романтична вечера. Уживајте во страстите.
Близнаци
Ќе сакате да ставите точка на работите кои ви го одземаат вниманието. Сосема сте во право, секое време е драгоцено и не треба да дозволите од некој да бидете искористувани. Понекогаш луѓето не знаат да запрат, додека истото не им се каже. Кога станува збор за љубовта, обидете се да бидете коректни во односот со вашиот партнер, за да не дојде до недоразбирање.
Рак
Мислите ќе ви лутаат на сите страни, затоа обидете се да не донесувате одлуки. Не брзајте! Она што е ваша секогаш ќе си дојде, не заборавајте ја таа изрека. Кога станува збор за љубовта ве очекува ден во кој и нема да имате особено разбирање со вашиот партнер.
Лав
Нема да бидете расположени за работа, што е сосема нормално. Но вашите претпоставени не размислуваат така, затоа завршете го делот од работата кој ви е наменет вам и обидете се да се одморите. Бидејќи денес, се' ќе ви оди на нерви, много е голема веројатноста секој збор на вашиот партнер да ви оди на нерви. Затоа, не сфаќајте се' здраво за готово.
Девица
Викендите се најдобрите денови за дружење. Соберете го вашето друштво кај вас или вие заминете кај нив и уживајте во разговорите со вашите блиски. Хуморот е добар за враќање на енергија. Исто така доколку си го дозволите ова дружење тогаш очекувајте и флертување во текот на "забавата". Кога станува збор за љубовта, по мала расправија ќе дојде до израз вашата страст.
Вага
Денес ќе сте нервозни затоа што нема да успеете да го завршите она што сте сакале да го завршите во текот на неделата. Завршете ја работата и не барајте правда онаму каде што ја нема. Иако негативноста ќе ја пренесете и во врската за среќа вашиот партнер нема ни на памет да се расправа.
Шкорпија
Нема да се надевате дека ќе имате работа но ќе излезе сосема спротивното. Во еден миг дури и ќе се запрашате дали и' има крај на работата. На крајот на краиштата кога ќе ви заврши работата можете да заминете и да се одморите или пак да му се препуштите на партнерот, затоа што љубовникот секогаш знае како да ви ја врати енерхијата.
Стрелец
Денес, ќе се обидете да ги завршите работите кои ви стојат на глава до недели. Цела недела некои работи ги оставате на страна, но сосема сте свесни дека ве чекаат вас. Завршете ги за да не си создавате дополнителни нервози, бидејќи емотивниот однос нема да ви биде на завидно ниво. Но, зарем за се' треба да се нервирате? Вие често заборавате на себе и самовреднувањето.
Јарец
Во текот на овој ден особено ќе бидат нагласени вашите емоции, па затоа не водете грижа за другото. Секој човек заслужува одмор и прегратка од саканиот. Доколку сте слободни, излезете со вашите пријатели и забавувајте се. Обидете се денес да не мислите на работата.
Водолија
Денес особено ќе биде нагласено вашето незадоволство, кога станува збор за работата. Причината ќе биде вашето несогласување со колегите. Кога станува збор за љубовта очекувајте страстен ден исполнет со "непристојни" предлози од вашиот партнер.
Риби
Ден кога повторно ќе сфатите дека не можете да направите се' што ќе посакате, едноставно конците не се кај вас. Меѓутоа ако не можете да влијаете на работата, тогаш можете на приватниот живот. Доколку имате несогласувања со вашиот партнер, разговарајте со него, затоа што искрениот разговор е често најдобар лек за врската.