×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (31.8.2020)

    31.08.2020 07:24 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (31.8.2020)

    Овен

    Oна што ви е потребно за подобро да се чувствувате е само одмор. Дури не е препорачливо ниту да излезете на прошетка туку само да останете во домот и да го надополните вашето време за спиење.

    Сосема сте свесни дека проблемите со саканата личност не се решаваат за еден ден, па затоа денес нема ниту да инсистирате на тоа.

    Бик

    Вие сте знак кој е доста интелигентен, но и доста мрзелив. Во најголем дел работите си ги уништувате самите затоа што се откажувате на половина пат.

    Овој ден ќе сакате да сакате и да бидете сакани. Ништо повеќе.

    Близнаци

    Иако во последно време имате проблеми со комуникацијата со другите, денес нема да биде таков примерот. Ќе успеете да воспоставите добра комуникација којашто ќе ви ги донесе потребните информации.

    Немате идеја за некои нови љубовни романтики, потребен ви е само одмор.

    Рак

    Вие сте знак кој има вештини за убедување и денес истите ќе ги употребите за да добиете нешто што сакате.

    Иако знаете дека партнерот не е во право, сепак денес оставате неговиот збор да биде последен. Секогаш имате џокер во ракавот.

    Лав

    Денеска иако ќе се чувствувате уморни, сепак вашиот мозок ќе работи брзо и ќе успеете да ја завршите работата побрзо од вообичаено.

    Имате чувство дека со вашата сакана личност беспотребно се гушите во секојдневните обврски.

    Девица

    Денес ќе сакате да се исклучите од надворешниот свет, затоа што во себе ќе немате простор за многу луѓе. Измореноста од нив ќе ви се гледа дури и на лицето.

    Гледате дека со партнерот не можете да успеете постапувајќи сосема праведно, па затоа и вие почнувате да калкулирате.

    Шкорпија

    Овој ден ќе ви биде показател за тоа колку можете, а не правите.

    Денес ќе сакате да заспиете во прегратката на саканата личност, затоа што ви недостига нечија сигурност и топлина.

    Стрелец

    Вие сте личност која сака книги, но не претерано, сепак во овој период на различни начини тие ќе бидат застапени во вашиот живот, а вие само уште повеќе ќе се уверувате во нивната моќ.

    На љубовното поле, во последно време оставате работите да се одвиваат сами по себе.

    Јарец

    Иако сметате дека претерувате со вашите ставови дека луѓето мора да внимаваат на своето однесување, сепак истото нема да можете да го исконтролирате и денес. На луѓето околу вас ќе им негодувате поради нивното однесување.

    Што се однесува до вашиот емотивен живот, денес ќе чувствувате одредена празнина, иако ќе знаете дека тоа е и поради монотонијата во којашто ви се наоѓа целокупниот живот.

    Водолија

    Денес ќе сфатите дека светот не се врти само околу вас и тоа ќе ве врати на земја со оглед на тоа дека во последно време постојано сте во центарот на вниманието.

    Оставете ги работите на љубовното поле да се одвиваат спонтано, со претерана упорност нема да постигнете ништо.

    Риби

    Денес ќе бидете во форма и ќе успеете да ги завршите работите на време. Тоа уште повеќе ќе ве мотивира да започнете енергично и другиот ден.

    Љубовните рани во минатото закопајте ги таму каде што припаѓаат.