×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (4.6.2020)

    04.06.2020 07:11 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (4.6.2020)

    Овен

    Останувате целосно на вашиот став, не сакате да го менувате вашето мислење, бидејќи сметате дека е правилно. Сакате подобрување на вашиот финасиски статус.

    Не сакате напразно да си го трошите времето на љубовни разговори кои немаат ни почеток ни крај.

    Бик

    Денес ќе мора да се соочите со повеќе обврски, но воедно тоа ќе биде и ваш приоритет, затоа што ќе сакате да покажете колкава е вашата вредност.

    Не правете ништо со сила кога станува збор за љубовта. Понекогаш работите си доаѓаат сами по себе, спонтано.

    Близнаци

    Денес ќе ви недостига поткрепа од некој кој ќе ја поддржи вашата идеја, па поради тоа ќе заборавите и на финансиите.

    Ве привлекуваат помлади личности, вашата позитивна енергија ве прави пошармантни.

    Рак

    Без разлика дали во тоа што го работите сте нови или не, не дозволувајте луѓето околу вас да ви го нарушуваат кредибилитетот.

    Партнерот не покажува разбирање за вашите емоции.

    Лав

    Денес приоритет ќе ви бидат професионалните можности. Нема да сакате да  ја покажете вашата слабост, иако ќе ја чувствувате.

    Доколку веќе сте во брачните води нема да сакате да влегувате во подлабоки разговори, кои ќе ви ја вратат меморијата за лоши спомени.

    Девица

    Имате нова идеја која сакате да ја произнесете, но не знаете на кој начин. Едноставно бидете свои и сите ќе го забележат ентузијазмот и искреноста во она што сакате да го спроведете, а тоа се едни од најважните работи за и другите да посакаат да ви се приклучат.

    Вие очекувате од партнерот многу повеќе од она што го добивате.

    Вага

    Вашето жалење нема да придонесе за промена на вашата финансиска состојба, затоа фатете се за работа.

    Иако сакате да го промените партнерот, запомнете дека тоа е невозможно. Единствено што може да направите е или да го прифатите таков каков што е или да си заминете. Токму тоа ќе го сфатите денес.

    Шкорпија

    Денес нема да сакате да се жалите дека се наоѓате во очајна состојба, па затоа ќе се насочите кон завршување на што е можно поголем дел од обврските.

    Партнерот нема да биде многу фокусиран лично на вас, затоа што ќе се обидува да ви обезбеди посигурен живот во овој бурен период.

    Стрелец

    Загрижени сте поради финансиската состојба, бидејќи работите почнуваат да се движат надвор од вашите планови.

    Доколку вашиот партнер не е расположен за разговор, испочитувате го и него и себеси. Не мора секогаш вие да сте оној кој ќе иницира се'.

    Јарец

    Денес ќе треба да делувате побрзо и поефикасно, бидејќи секое задоцнување може да значи изгубена можност за вас.

    На љубовното поле почнуваат да ви се враќаат работите коишто вие претходно ги правевте.

    Водолија

    Денес бидете прецизни и долседни во работата. Не правете ништо коишто го загрозува професионалниот кодекс, затоа што може негативно да се одрази врз вас.

    Ќе бидете енергични и ќе сакате секој слободен миг да го поминете покрај партнерот.

    Риби

    Вашите колеги на работата почнуваат да ви завидуваат поради вашата компетентност, па поради истото ќе почнат да ви создаваат главоболки. Бидете попретпазливи, а продолжете да си работите како што си работевте и претходно.

    Доколку сакате да остварите посилен контакт со личноста која ја сакате, тогаш ќе мора да се потрудите повеќе.