Џастин маж на годината на Харвард
08.02.2010 13:47
| KumanovoNews
На пејачот Џастин Тимберлејк студентите од Харвард му врачија награда за маж на годината. Традиционалната церемонија „Hasty pudding“ всушност претставува исмејување на почесниот гостин.

Тоа и го направија студентите кога на Тимберлејк му ставија перика, а на бина ја донесоа неговата прва љубов Бритни Спирс.
Наградата за жена и маж на годината скоро 40 години ја доделува драмската секција на Универзитетот.
Наградата пред Џастин ја добиле Брус Вилис, Том Хенкс, Робин Вилијамс и многу други.
Пејачот наскоро ќе заигра во филмот „Социјална мрежа“ филмот ќе се снима на Харвард.