Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кога ќе се спомене поп-арт уметност, прво што ни паѓа на памет е името на Енди Ворхол. Тој е американи сликар, режисер, издавач, но и пионир во поп арт движењето, чие име може да се сретне во многу книги, филмови, а е застапен и во литературата на факултетите.
На почетокот од 1960, почнува да прави платна на познати американски производи како конзервите Campbell's супа и Кока-кола. Во седумдесетите и осумдесетите години, Ворхол е главно познат по неговите масовно произведувани портрети на поп икони како Елвис Присли, Мерилин Монро, Мао Це Тунг и др.
- Во прилог неколку цитати од пионирот на поп-арт движењето:
1. „Луѓето би требало да се заљубуваат со затворени очи. Затворете ги очите и почувствувајте ја магијата.“
2. „Целта не е вечно да се живее, туку да се создаде нешто кое ќе живее вечно.“
3. „Ако барате нешто премногу долго, ќе ја изгубите смислата.“
4. „Не верувам во смртта, затоа што никој не знае што навистина се случува.“
5. „Еден ден се будиш и си сосема поинаква личност.“
6. „Уметник е некој кој создава дела кои на луѓето не им се потребни, но, од некоја причина, смета дека би биле добри за нив.“
7. „Најголемата работа кои луѓето можат да ја бараат е да се разбудат и станат од креветот.“