Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Докторите советуваат да се користи исхрана богата со омега 3 киселини за да се избегнат срцевите заболувања.
Исхраната богата со маснотии не му одговара на вашето срце, но ова се однесувано само на заситени масти, кои воглавно се внесуваат преку храна од животинско потекло.
Пoради поголемо количество на присуство на масти во организмот, доведува до покачување на холестеролот, триглицеридите, па и до покачен крвен притисок. Односно, со текот на времето доаѓа до создавање на масни наслаги на ѕидовите на крвните садови, кое може да предизвикаат атеросклероза, т.е затнување на крвните артерии.
Оваа болест честопати може да не се забележи, па дури и да предизвика пукање на артеросклеротични наслаги, создавање на тромб, па дури и да предизвика инфаркт.
Здравата исхрана и внесувањето на незаситени маснотии како што се омега 3 киселина од рибиното масло, можат во голема мера да го намалат ризикот од појава на споменатите болести.
Истражувањата покажуваат дека незаситените масни киселини го смалуваат ризикот од настанување на артеросклероза, можат да доведат до намалување на крвниот притисок, а со подобрување на исхраната и со внесување на омега 3 масни киселини и витаммин Е можат да се намалат појавите од срцевите заболување и состојбите кои доведуваат до нив.