Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Франција одобри онлајн тест за коронавирус, со цел да им помогне на луѓето кои се загрижени дека можеби се инфицирани од вирусот, да ги проценат нивните симптоми за да знаат кој чекор да го преземат.
Тестот е достапен од минатата недела, може да се најде на страната maladiecoronavirus.fr, а е составен од 24 прашања, кои воглавно се однесуваат на симптомите кои можат да индицираат коронавирус.
Прашањата се, на пример: дали имате треска во изминатите неколку дена, која е вашата температура, дали се чувствувате уморни, дали имате респираторни проблеми и сл.
На крајот од тестот, кој се заснова на алгоритам кој ги следи најновите научни откритија поврзани со коронавирус, од корисниците се бара (анонимно) да одговорат на прашања за нивната тежина, висина, старост и други податоци поврзани со нивната општа здравствена состојба.
Потоа им се дава совет дали треба да се јават кај матичниот за понатамошни консултации, дали да ја повикаат службата или пак дали воопшто се заразени.
Тестот, како што информираат не е дијагноза, но е проценка на состојбата.
Во текот на викендот овој тест се распространи низ социјалните мрежи, а некои од луѓето кои откако излегле позитивни на онлајн тестот, биле и повикани да се пријават кај нивните доктори.
Според податоците на фрнцуските медиуми, само во саботата околу 2 милиони луѓе ја посетиле оваа страница, околу 1 миллион од нив го направиле тесот, а околу 12 отсто од нив биле повикани кај нивните доктори.