Мени

Хари Варешановиќ се ожени

15.02.2010 23:49 | KumanovoNews

Поп пејачот Хајрудин - Хари Варешановиќ се ожени во саботата во градот Осиек со својата долгогодишна девојка Јасминка Иштук.

Хари Варешановиќ се ожени

Венчавката се одржала во зградата на градската општина во присуство на сведоци, а колку се внимавало се да помине во тајност зборува и фактот што невестата не пристигнала заедно со млаоженецот. Хари бурно реагирал на фоторепортерите и затоа обезбедувањето ги замолило папараците да ја напуштат зградата.

Парот веќе 15 години е во љубовна врска,  живее на релација Сараево - Минхен и за двајцата ова е втор брак, а имаат деца и од претходните врски.

Според медиумите тие веќе се венчале по шериатските обичаи.