×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ХОРОСКОП 07.05.2021

    07.05.2021 06:46 | KumanovoNews

    Дневен хороскоп 07.05.2021

    ХОРОСКОП 07.05.2021

    Овен

    Добро утро, убав ден за романтика! Денес самодовербата ќе ви биде најблескав адут, искористете го максимално. Кариерата има потенцијал за пролетно расцветување, доколку работите на случајот. Купете нешто убаво за вашата канцеларија или подновете ја гардеробата, но стилот нека биде бизнис-кежуал. Една кошула плус ќе ви донесе редица други професионални плусеви.

    Бик

    Денес ќе сте екстремно магнетни. Што да правите со шармот? Ставете го во акција, секако, но исклучително внимателно – денешните романси можат да се претворат во опсесии. Доколку денес се одлучите да патувате во странство, тргнувате или купувате карта – патувањето потенцијално ќе ви го промени животот. Но, не очајувајте, промената ќе влијае исклучително позитивно на вашиот изглед и екстремно ќе ви ги продлабочи сознанијата.

    Близнаци

    Не се залетувајте за луѓе кои не ви се компатибилни. Денес е лесно да се заљубите на прв поглед, привлечноста ќе биде фатална, но дали нејзиното реализирање ќе ве направи навистина среќни? Истражувајте ја потсвеста, вашиот ум често наликува на цветна градина – денес работете во градината. Можни се пријатни вести за некои материјални добивки.

    Рак

    Доколку сте во брак, денес искористете го денот да уживате со партнерот. Испланирајте нешто убаво, спонтано и нешто кое ќе ги размрда и задоволи сетилата за вкус и мирис. Денес можат да ви остварат многу љубовни соништа. Слободните Ракови можат да ја препознаат својата сродна душа во некој од блискиот круг на пријатели. Можно е решение на некој бирократски проблем, пресуда во ваша корист, добивка, потребен потпис или нешто друго поврзано со легални документи.

    Лав

    Денес работата ќе ви ги наполни батериите. Тоа, секако, ќе се случи доколку уживате во она што ви станало работна рутина. Можеби денес ќе ви текне начин како да ја разиграте работната околина за да бидете максимално професионално исполнети. Прекрасен ден за напредок во кариерата. Можно вршејќи ги дневните обврски да стапите во контакт со жена или девојка која ќе ви помогне да напредувате во работата.

    Девица

    Очекувајте вашите најмали да ви го разубават денот, радувајте им се дури и без повод и причина. Креативноста ќе ви стане особено силно изразена денес. Напливот на интензивни чувства пренасочете го во некое изворно ваше креативно дело. Девиците кои се во врска можеби денес ќе сфатат дека се подготвени за следниот љубовен чекор или конечно ќе ги изговорат трите магични зборови. Слободните Девици ќе уживаат во својата апсолутна слобода и среќа.

    Вага

    Одеднаш ќе се најде решение за навидум нерешливите домашни проблеми? Доколку сте заглавени во странство, денес е супер ден да побарате начин да си дојдете дома, најверојатно ќе стигнете безбедни и среќни. Искрена, трансформативна хармонија во домот, обидете се денес да останете со најблиските или да направите нешто убаво за дома. Букетите се секогаш добра идеја! 

    Шкорпија

    За брачните проблеми решението ќе се најде денес и тоа преку отворен, конструктивен и искрен, многу искрен разговор. Проблемите поврзани со некои државни институции исто така можат брзопотезно да се решат денес, дури и наизглед, самите од себе. Слободните Шкорпии нека пишат порака на симпатиите, денес е денот кога вашите зборови отвораат железни врати.

    Стрелец

    Најпаметното нешто кое може да го направите денес е да си купите патики за трчање или нешто корисно за домот. Не е исклучена можноста да ги изненадите колегите со некој корисен апарат за на работното место. Инвестирајте во себе и своите здрави рутини и врски на овој ден. Можно е некои здравствени проблеми да исчезнат. Чувајте се и опуштете се, викендот започува фантастично.

    Јарец

    Тешко дека некој денес ќе ви одолее. Внимавајте шармот да не ви донесе непосакувани и непријатни обожаватели. Денес опуштете се, денот е ваш. Излезете надвор, слушајте ја омилената музика, направете нешто креативно и забавно, танцувајте, испијте кафе со омилените луѓе или повикајте некого на состанок – денешните планови ќе се одразат екстремно пријатно на вас и вашиот изглед.

    Водолија

    Домашните ќе ве релаксираат до бескрај. Денес оставете си простор за ментален одмор. Опкружете се со познати и блиски луѓе, подгответе си нешто за јадење кое добро умеете да го направите, слушајте музика од детството и направете добра атмосфера за долгочасовна, медитативна бања. Регенерирајте го умот. Можеби денот ви припаѓа вам, но вие не припаѓате никому, само на себеси – уважете го тоа!

    Риби

    Комуникацијата со пријателите ќе ве исполни со позитивна енергија и ќе ви го започне викендот со прекрасна нота. Читањето добра книга може да ви даде одлични идеи за брзо остварување на вашите соништа. Конструктивниот разговор со помалите сестри или браќа истотака ќе ви даде мотивација, но и нова идеја за како да дојдете до посакуваните цели. Денес посветете им се на другите, ќе зрачите со позитивност и ќе имате што да понудите.