Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Иако има 66 години сепак се уште важи за еден од најголемите заводници на планетата, славниот и шармантен пејач призна дека веќе во неговиот живот нема простор за сексуалното задоволство, кое некогаш за него било нешто без кое не можел да живее.
Шпанскиот пејач ја изненади својата публика во туристичкото место Пунте дел Есте во Уругвај зборувајки отворено за своите љубовни авантури, додека бил млад водел љубов три пати на ден а понекогаш и повеке но сега веке дури 15 години не ја користи таа активност.
На изненадената публика тој и додал, ако денеска пред концертот водев љубов, концертот можеше да биде откажан. За овој коментар публиката му даде громогласен аплауз, а Хулио освен со својата отвореност ги почести и со незаборавен концерт со своите познати љубовни конпозиции на сите времиња.