×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Јули 2021 ги сруши рекордите за највисоки измерени температури

    17.08.2021 07:37 | Сара Ѓорѓиоска

    Најновите статистички податоци го прогласија седмиот месец од тековната година за најтоплиот месец во досега познатата историја.

    Јули 2021 ги сруши рекордите за највисоки измерени температури

    Американската Националната океанска и атмосферска администрација (НОАА ) посочи дека комбинираната површинска температура на океаните и копното низ светот е покачена за 0.93 од степен, во споредба со просечната температура од 20-от век која изнесува 15.8 степени Целзиусови.

    НОАА потврди дека таквите заклучоци го прават месецот јули од 2021 година месецот со највисоки измерени температури во последните 142 години, од кога постои таква евиденција. Последниот температурен рекорд беше во забележан во 2016, кој се повтори во 2019 и 2020.

    Администраторот Рик Спинрад вели „Јули обично е најтоплиот месец од годината, но овогодинешниот јули ги сруши рекордите за најтопол месец регистриран во последните стотина години. Овој рекорд е фактички доказ за деструктивниот пат во кој не` води проблемот на климатското затоплување.“

    Оваа недела, температурите во Сицилија, Италија ги надминаа претходно забележаните рекордни темеператури во Европа со вознемирувачки 48.8 степени Целзиусови. Овој податок ги потврдува шпекулациите на метеоролозите, кои претпоставуваа дека Европа се ближи кон температури од 50 степени Целзиусови во летниот период.

    Претходно забележаниот рекорд од 48.0 степени Целзиусови датира од 1977 година во Атина.

    Професорот Питер Скот, експерт за климатски промени, кој ги проучува европските топлотни бранови веќе 20 години, изјави дека анализите сугерираат дека екстремно високите температури се “пет пати поверојатни“ и директен резултат од глобалното затоплување. 

    Скот вели: „Не можеме со сигурност да тврдиме што ќе се случи, но Европа треба да се подготви за зачестено туркање на
    температурните рекорди и можност од 50°C особено во Медитеранот, каде што топлите воздушни струи од северот на Африка се најсилно забележливи.“