×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Како да ја заштитите вашата коса?

    19.08.2021 09:15 | Сара Ѓорѓиоска

    Топлото време е сигнал дека грижата за кожата треба да се зголеми, но во хаосот да не добиеме изгореници, често забораваме на нашата коса, која по летните горештини останува сува, оштетена и безживотна. Како да ја заштитите вашата коса од штетните сончеви зраци и да имате свилени, меки прамени низ целата година?

    Како да ја заштитите вашата коса?

    1. Блокирање на сончевите зраци

    Шапките, капите или банданите не се само одличен моден аксесоар, туку практични алатки за заштита на вашата коса. Блокирањето на сончевите зраци е најефикасниот начин да го спасите квалитетот на косата.

    2. Избегнување на штетните сончеви зраци

    Кога сонцето е најинтензивно, а тоа е обично во попладневниот период околу 12 до 3 часот, избегнувајте директно да ја изложувате косата на сонце. Спречувањето е секогаш попаметно од лечењето, така што доколку немате вистинска потреба, не ја изложувајте косата на најштетните сончеви зраци.

    3. Бидете внимателни околу површини кои рефлектираат

    Водните површини, снегот и песокот можат да ги рефлектираат штетните УВ- зраци, па не заборавајте да носите крема со заштитен фактор на скалпот, како и да го оптимизирате времето кое го поминувате покрај такви површини.

    4. Заштитни фризури

    Доколку имате подолга коса, вашата коса ќе се заштити самата со вистинската фризура. Освен што ќе изгледате одлично, плетенките и врзаната коса се наједноставниот начин да ја оддржите косата здрава.

    5. Превенција

    Освен директното изложување на штетните сончеви зраци, на квалитетот на вашата коса влијае и начинот на кој што ја негувате. Пречестото миење, шампоните со агресивен хемиски состав, претоплата вода, како и честото стилизирање со помош на топлина можат да придонесат вашата коса да го загуби својот сјај и квалитет уште пред да започне летната сезона.