Мени

Кијану Ривс ќе глуми во научнофантастична драма

28.01.2010 17:10 | KumanovoNews

Италијанскиот режисер Габријеле Мучино го одбра холивудскиот глумец Кијану Ривас за глевен лик во научнофантастичната љубовна драма „Патници“.

Кијану Ривс ќе глуми во научнофантастична драма

Мучино кој е познат  по филмовите со Вил Смит „Потрага по среќа“ и „Седум животи“ снимањето на филмот ќе го започне на лето а сценариото го напишал Џон Спејтс.

Филмот се случува во иднина во вселенски брод кој е на повеќевековно патување до нова планета. Поради компјутерска грешка еден од патниците ќе се разбуди од хибернација 90 години пред другите.

Соочен со тоа дека ќе остари и ќе умре сам одлучува да разбуди една убава жена која според зборовите на режисерот ќе ја игра помалку позната талентирана актерка.