×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Креативни подароци за креативните луѓе во вашиот живот

    15.10.2021 06:39 | Сара Ѓорѓиоска

    Често се случува да сакате да изненадите некој драг пријател со подарок што ќе ја рефлектира неговата посебност, но можностите изгледаат ограничено, а идеите се неизводливи. Што да подарите некому за да знае колку ви значи?

    Креативни подароци за креативните луѓе во вашиот живот

    1. Персонализирана книга

    Можете да најдете на интернет повеќе индивидуални креативци од нашата земја, кои ќе го оживеат сонот некому да подарите персонализирана книга од вашата заедничка приказна.

    2. Карикатура

    Ништо нема да разбуди помили чувства од врамена карикатура, хиперболизирајќи ги прекрасните особини на личноста која ви значи.

    3. Сложувалка

    Убавината на конзумеризмот е токму во тоа што можете некому да подарите сложувалка која на крајот ќе открие посебен спомен во вид на слика. Прославете ги најмилите, така што ќе ги овековечите во слика, која не е само слика, туку и
    заедничка активност.

    4. Специфичен накит

    Златото и среброто имаат свој шарм, но она што навистина ќе го плени вниманието на оние кои ви значат е рачно направен накит само за нив. Можете да го направите сами или да ангажирате некој од многуте талентирани изработувачи кои ќе вметнат кристали, материјал по избор и многу љубов во направеното.

    5. Миризлива свеќа

    Свеќите со ароматични дејства се апсолутен хит за вашите пријатели кои го ценат релаксирањето. Дополнително израдувајте ги со тоа што ќе им подарите свеќа персонализирана за нив, во форма која ќе им значи и со мирис кој знаете дека им е омилен.

    6. Боенки за возрасни

    Ако имате пријател кој го негува детето во себе и има уметнички тенденции, боенката не е подарок само за најмалите. Вистинската боенка може да го разубави денот на секоја уметничка душа.

    7. Водооотпорна тетратка

    Креативните луѓе најчесто своите најинтересни идеи ги добиваат додека се тушираат, па водоотпорната тетратка е нешто кое навистина ќе им биде потребно. Можете да го најдете овој необичен подарок без многу мака во онлајн продавниците.

    8. Стикери

    Доколку ви е потребно уште едно ситно нешто да го комплетирате вашиот подарок, наместо чоколадо, израдувајте ги вашите пријатели со стикери со тема по нивна желба. Доколку имаат омилен филм, омилено необично јадење или музичка група која ја обожаваат, пакетчето со стикери за нивниот лаптоп ќе биде совршениот подарок.

    9. “Весели“ чорапи

    Освен што ќе ги топлат во студените денови, “веселите“ чорапи ќе бидат секојдневен потсетник за вашите креативни пријатели дека околу себе имаат луѓе кои го ценат нивниот уметнички дух и ја поддржуваат нивната креативност.

    10. Привремени тетоважи

    Без обврската да носат нешто до крајот на животот, привремените тетоважи се одличен подарок за вашите спонтани пријатели кои сакаат да експериментираат. Заедно со шише од нивното омилено пиење и добра храна, ви се ветува забавна вечер на која ќе се потсетувате секојдневно барем една недела.