Кумановки најубави жени за членовите на „Ван Гог“
21.12.2009 23:00
| KumanovoNews
Членовите на белградската рокенрол група „Ван Гог„ сметаат дека Кумановки се најубави жени во државата. По гостување во четири града, на последниот настап во Скопје на прашање на новинарите како им се допаѓаат жените тука, еден од членовите на групата изјави дека сите Македонки се убави, но Кумановки му оставиле најголем впечаток.

Групата „Ван Гог“ гостуваше во Куманово на 28 август оваа година во дискотеката Версај. Притоа имаа одличен настап и уште еднаш потврдија дека се една од најдобрите рок групи на овие простори. Покрај Куманово својата турнеја ја продолжија во Битола, Охрид и Скопје.
И.И