×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановски бендови на „Рок-Фест“

    06.04.2010 11:06 | KumanovoNews

    Кумановските рок бендови „Genocide“ и „Complex Disorder“ ќе учествуваат на годинешниов „Рок-фест“ што ќе се одржи на 10, 16 и 17 април, во Младинскиот културен центар во Скопје. Во официјалната конкуренција ќе се натпреваруваат 17 групи во три натпреварувачки вечери.

    Кумановски бендови на „Рок-Фест“

    Од пријавените состави, најмногу има од Скопје, па Куманово, Велес, Битола, Кичево, Прилеп, Охрид, Тетово и други.

    На првата вечер ќе настапат бендови што свират метал-музика, додека пак на втората искучиво панк-состави. На последната натпреварувачка вечер ќе се претстават групи чиј звук се заснова на ортодоксниот рокенрол, но и некои метал бенодви. За разлика од претходните неколку години, кога речиси сите без исклучок пееја на англиски јазик, овојпат има повеќе групи што нудат стихови на македонски, но, за жал, процентот на таквите состави е сe уште е мал.

    Големото финале ќе се одржи на 24 април и ќе одлучува публиката, која секоја вечер ќе гласа за својот фаворит. Но освен неколкуте бенда, со најмногу гласови од посетителите, во финалната вечер ќе се натпреваруваат и оние што ќе ги одбере жири-комисија.

    Покрај натпреварувачките вечери, ќе има и уште една, која ќе се одржи на 23 април и е од ревијален карактер, каде што ќе настапуваат музички состави што некогаш настапувале на фестивалот. На „Рок Фест„ 2010 ќе има и гости од соседните држави, а нивниот број и имиња ќе бидат соопштени во наредните денови.