На интернет се појави новата песна на Мајкл Џексон
06.01.2010 13:01
| KumanovoNews
Дел од необјвената песма „Another day“ на мајкл Џексон снимена заедно со неговиот колега Лени Кравиц се појави на Интернет.

Кравиц веќе потврди песмата е недовршена и тој нема ништо со нејзиното објавување. Тој изјавил дека неговата соработка со кралот на поп музиката е најдоброто музичко искуство кое некогаш го доживеал.
Адвокати на музичката куќа „Сони и Џексон естејт“ се обидуваат да ја отстранат песната од Интернетот.
Се верува дека постојат уште песни кои Мајкл џексон ги снимил пред својата смрт.