×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Најголемата македонска ѕвезда ќе блесне на небото

    23.01.2010 10:04 | KumanovoNews

     Во салата "Борис Трајковски" во Скопје утре вечер ќе се одржи концерт во чест на роденденот на нашата најголема музичка ѕвезда, починатиот Тоше Проески.


    Најголемата македонска ѕвезда ќе блесне на небото

     На концертoт ќе бидат изведени песни кои ги напишал самиот Тоше, а наместо него ќе ги пејат неговите пријатели Тони Цетински, Нина Бадриќ, Аки Рахимовски, Борис Новковиќ, Бојан Маровиќ и  македонски ѕвезди Елена Ристеска и Калиопи.

    Премиерно ќе биде претставена и песната "Уште сонувам дека сме заедно"(Још увијек сањам да смо заједно), која Тоше ја испеја непосредно пред својата смрт. Роденденот и две годишнината од несреќата ќе биде обележана и со тоа што една ѕвезда ќе го добие името Тодор - Тоше Проески. Ѕвездата е регистрирана во Интернационалниот астролошки регистар, а членовите на неговиот Фан клуб одлучиле да купат телескоп кој ќе биде поставен на 25-ти јануари во Крушево. Со тоа неговите почитувачи ќе имаат можност да ја видат оваа ѕвезда која го носи името на нашиот најмил и незаборавен Тоше.

                                                                       И.И.