Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
За летните денови не постои подобро освежување од чаша леден чај – единственото нешто кое би го подобрило тоа искуство е можноста да го модификуваме омилениот напиток по наша желба.
Класичниот рецепт за леден чај се базира на филтер-кесичките чај, кои ви даваат потполна слобода да експериментирате со вкусовите и да го пронајдете совршениот микс за вас. Доколку повеќе ви се допаѓаат овошни вкусови, имате спектар на овошни чаеви од кои може да изберете, а наша препорака би бил чајот од боровница, кој одлично оди со некоја филтер-кесичка чај од камилица. Смирувачко дејство плус антиоксиданти = здраво и весело лето. Во другите наши сугестии, секако, ќе влезат и чајот од нане, мајчина душица, зелениот чај, чајот од лимон или за овошните ентузијасти, чајот од јагоди.
Идеалниот размер за подготовка на ледениот чај би бил 6 филтер-кесички во 1.5 литри зовриена вода.
Ќе ви бидат потребни:
• 6 филтер-кесички чај по избор
• 2 лажички шеќер
• 2 лажички мед
• 3 лимони, 2 исцедени и 1 исецкан
• 1 излупен портокал
• свежо нане
• мраз
Подготовка:
1. Филтер-кесичките ги потопувате во 1.5 литри зовриена вода, на што го додавате шеќерот и медот. Мешате и ја оставате течноста 10 минути, по што цедите и ја префрлате во фрижидер.
2. Изладениот чај го ставате во бокал, во кој ги додавате парчињата лимон и лимоновиот сок, парчињата портокал и свежото нане. Мешате и остатокот од бокалот го полните со мраз.
3. Служите во високи, тенки чаши со многу мраз и уживате во денот и комплиментите кои ќе ги добиете за вашата здрава и освежителна алтернатива.